Папата до италијанската полиција: Чувајте ги корените на идентитетот

Папата до италијанската полиција: Чувајте ги корените на идентитетот

Папата Фрањо на 17 јануари 2019 година ги прими во аудиенција претставниците на Инспекторатот за јавна безбедност во Ватикан и ги поттикна да го подигнат погледот понатаму од тешкотиите за да бидат близу до луѓето кои страдаат, и да ги чуваат корените кои го даваат идентитетот.

Израз на благодарност за службата достојна за пофалба и желбата да го обноват занесот на милосрдието посебно кон луѓето кои страдаат заради болест, напуштеност и маргинализација се содржани во поздравот на папата Фрањо до претставниците на Инспекторатот за јавна безбедност во Ватикан, кои ги прими во традиционална аудиенција на почетокот на годината. Станува збор за службеници на италијанската државна полиција кои ден и ноќ го контролираат плоштадот Свети Петар и околните улици во близина на Ватикан, благодарение – како што рече Папата, на нивното присуство на терен во сите климатски услови, добри и лоши.

Идентитет кој треба да се пренесува

Папата во говорот посебно ги истакна човечките и христијанските вредности кои го прават животот поубав и поплоден, и предупреди токму на опасноста од загубата на чувството на припадност на ова општество. Затоа ги поттикна присутните да се ангажираат во зачувувањето на културните корени на градот и татковината.

Ова цивилизација би можела да биде искоренета – рече Папата, а ние знаеме дека без корени не се расте и она што на стеблото цвета доаѓа од она што е под земјата. Потрудете се да ги зачувате корените затоа што корените ни го даваат идентитетот. Нашиот идентитет е денешниот, но доаѓа од корените и ќе биде пренесен на нашите деца, на нашите внуци, но секогаш со корените – истакна Светиот Отец.

Близината на Бог и човекот

Папата потоа ги спомна неодамна прославените празници Божиќ и Богојавление кои– како што рече, ни дадоа можност уште еднаш да размислиме за настанот на раѓањето и објавувањето на Христос на земјата. Неговото доаѓање меѓу нас ни ја открива незамисливата близина помеѓу Бог и човекот и бесконечната љубов која Тој ја има за нас. Неговото присуство му дава смисла на нашиот живот и нè поттикнува на надеж, помагајќи ни да го подигнеме погледот понатаму од секојдневните тешкотии и проблеми. Истовремено нè поттикнува на љубов, за своите односи да ги живееме братски и милосрдно, посебно со луѓето кои страдаат од болест, напуштеност и маргинализација.

Прифаќање на сите луѓе

Близината со луѓето е својствена и во работата на вработените во Инспекторатот за јавна безбедност која можат да ја сведочат секој ден – рече Папата и ја истакна подготвеноста и духот на пожртвуваност кој се среќаваат кај тие луѓе, забележувајќи дека помалку чувствува срам кога помислува на голем број луѓе кои се сметаат за христијани, а не се на нивото на нивниот пример.

Надзор и јавен ред

Благодарение на вашиот надзор и чувањето на јавниот ред – рече потоа Светиот Отец, посетата на ходочасниците и туристите е олесната кои од сите страни на светот и секој со својата животна приказна доаѓаат во базиликата Свети Петар. Општо е призната вашата стручност и мудроста во соочувањето со разните ситуации, па и оние најкритичните; затоа на вас и јас сакам да би одадам признание – истакна Светиот Отец.

Ви благодарам за вашата професионалност и великодушност – рече Папата и ги поттикна да се истрајни во барањето на најдобриот начин за своето делување, трудејќи се сите луѓе да ги пречекаат со многу трпение и разбирање, па и во моментите кога ќе почувствуваат умор или товарот од непријатните ситуации. На крајот папата Фрањо се заблагодари за нивната делотворна соработка во неговите пасторални посети на парохиите и другите заедници во Рим, како и при одењето на други места во Италија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот