Папата до источните католици: Чувајте ја традицијата, бранете го семејството

Папата до источните католици: Чувајте ја традицијата, бранете го семејството

Источно католичката Црква во Словачка е израз на убавина на различните облици на црковниот живот, различноста која не само што не штети на единството на Црквата, туку ја покажува.

Чувајте ја традицијата, бранете го семејството, не попуштајте на световноста и неплодниот клерикализам – им рече папата Фрањо на католиците од источен обред од Словачка, кои ги прими во аудиенција на 6 октомври 2018 година, во Ватикан. Воодушевено и предано лице на Црквата кое е цврсто во верата, свесно за своето достоинство и гордо на својот црковен идентитет – така Папата ги опиша околу 1.300 поклоници од Источната католичка црква од Словачка кои дојдоа во Рим по повод прославата на 200 годишнина од основањето на епархијата Прешов.

Нагласувајќи го посланието на католичките заедници од источен обред кои со векови живеат со католиците со латински обред, Светиот Отец истакна дека Источно католичката Црква во Словачка може да се смета за израз на убавина на различните облици на црковен живот, таа разноликост која не само што не штети на единството на црквата, туку и го покажува.

Обраќајќи им се на епископите и митрополитот Јан Бабјак, папата Фрањо ги поттикна да бидат водачи следејќи го примерот на мачениците. Следете го блескавиот пример на блажените епископи маченици Петер Павол Гојдича и Васил Хопка. Ширете добрина, мир, великодушност и благост, длабока понизност и едноставност, останувајќи секогаш пастири според срцето на Бог кој е Отец и следете го трагот Христос кој не дојде за да му служат, туку за да служи.

Свештениците неоженети и оженети и монасите и монахињите кои служат во народот, повикани се вистински да им сведочите на семејствата на чиј христијанскиот живот им се закануваат разни опасности – рече Папата и додаде: Семејството на свештеникот има посебно послание денес кога самиот идеал на семејство е во прашање и кога директно е нападнато. Вие давате сведоштво на здрав и примерен живот. Вашата генерација денес мора да ја покаже истата верност како претходните генерации, не пред непосредните и насилни прогони, туку во тешкотиите и опасностите од секој вид.

Светиот Отец посебно се осврна на искушенијата кои денес најмногу го доведуваат во прашање свештеничкиот повик. Свештениците и богословите денес се искушувани на две спротивставени тенденции: секуларизмот кој води до световност и зацврстувањето на застарениот неевангелски начин на сфаќање на својата црковна улога, начинот кој води до клерикализам. Примерен монашки живот машки и женски како и припаѓањето на  некои од новите црковни движења, се дел од силното и здраво црковно ткиво.

Папата се заблагодари на родителите, бабите и дедовците и сите христијански воспитувачи затоа што се носители на постојаната и потребна евангелизација. Ги поттикна да ја чуваат и да ја живеаат во полнина византиската традиција која и тој самиот од младост научил да ја запознава и љуби. Гледајќи на светите заштитници на Европа, Кирил и Меродиј, ја истакна итна потребата за нова евангелизација на Европа. Европскиот континент како на истокот, така и на западот мора да ги открие сопствените корени и повикот. Од христијанските корени можат да растат само цврсти стебла кои донесуваат плодови со целосно почитување на човечкото достоинство во сите негови услови и периоди од животот – заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот