Папата до играчите на „Меч за мир“: Среде уништување посејте го семето на пријателството

Папата до играчите на „Меч за мир“: Среде уништување посејте го семето на пријателството

Папата Фрањо прими фудбалери кои ќе го одиграат „Мечoт за мир“ на Олимпискиот стадион во Рим. На средбата учествуваа и нивни роднини, пријатели и организатори на иницијативата.

Во понеделник, 14 ноември 2022 година, во 18.00 часот по локално време, на Олимпискиот стадион во Рим се одржа „Меч за мир“ кој го играа фудбалските ѕвезди. Организатор на настанот кој има и добротворна димензија е Папската фондација „Scholas Occurrentes“. Натпреварот се одржа под слоганот „Играме за мир“. Пред натпреварот организаторите, фудбалерите, нивните роднини и пријатели беа примени од папата Фрањо во Ватикан. Средбата се одржа во салата Павле VI во Ватикан.

„Да размислиме“, рече Светиот Отец, „денес најголемите издатоци во светот паѓаат на производство на оружје“. Затоа што секогаш на ум се војните кои треба да уништуваат. Го потрошивте вашето време за да дојдете тука и да ја откриете несебичноста на мирот. А мирот напредува токму така, со овие гестови: гестови на близина, пријателство, подадена рака, а не со камен во рака со намера да го фрлиш. Ви благодарам за тоа. Ова се мали гестови, но тие се семиња, тие се семе на мирот, тие се способни да го променат светот, бидејќи се семе на мирот“.

„Ви благодарам за тоа што го правите, за денешниот меч. Ви благодарам што кажавте: „Сакаме мир“ во свет кој постојано бара војна и уништување“, додаде Папата, нагласувајќи ја и важноста на несебичната димензија на спортот, бидејќи на светот „му треба пријателство, му треба несебичност“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот