Папата до бездомниците: Секогаш ви стојам на располагање

Ватикан, 12.4.2013./к.мк/ – „Ви благодарам за вашата близина и наколонетост. Господ да ви возврати во изобилство”. Со овие зборови, папата Фрањо ги поздрави корисниците на Каритас центрите во Рим, во писмото испратено до директорот, монс. Енрико Ферочи. „Ви благодарам затоа што се молите за мене и Ве повикувам да продолжите да се молите и понатаму, бидејќи имам голема потреба. Знајте дека ве носам во моето срце и секогаш ви стојам на располагање. Нека ве благослови Исус, а Богородица нека ве штити” – напиша и на крајот е потпишан со зборовите: Братки, Фрањо. Писмото е писмото е обајвено на интернет страната на Каритас Рим. На овој начин Светиот Отец ги поздрави бездомниците, кои преку монс. Ферочи, на 27 март му испратија честитки за добредојде. Писмото беше доставено до Светиот Отец лично од директорот на Каритас, за време на средбата на папата Фрањо со некои римски свештеници по завршувањето на светата Литургијата на Велики Четврток.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<