Папата донира 150.000 долари за погодените од земјотресот во Мексико

Папата донира 150.000 долари за погодените од земјотресот во Мексико

Како последица од земјотресот што со голема јачина го погоди Мексико, според расположивите податоци, но не конечни до овој момент – загинаа најмалку 250 лица, а нанесена е огромна материјална штета. Папата Фрањо, преку Дикастеријата за целосен човеков развој, одлучи да испрати првична помош од 150.000 долари во корист на населението во оваа тешка ситуација”, стои во соопштението објавено на 21 септември од Ватиканската канцеларија за печат. „Оваа сума, која во соработка со Апостолската нунцијатурата ќе биде доставена до бискупиите кои се најмогу погодени од земјотресот, а ќе се искористи за задоволување на најнеопходните потреби на населението и е знак на духовната близина и татковско охрабрување за луѓето од погодените подрачја.

„Оваа помош која е придружувана и со молитва, посебно до Дева Марија од Гвадалупе, во поддршка на возљубениот мексикански народ, е дел од собраната помош овие денови од целата Католичка црква, а во собирањето на помошта, покрај повеќе Епископски конференции, учествуваат и бројни добротворни организации – стои во соопштението”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот