Папата донираше 30 респиратори на болниците

Папата донираше 30 респиратори на болниците

Папата Фрањо донираше 30 апарати за дишење на клиниките кои посебно се погодени со заразата од корона вирус, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол во четврток на 26 март.

Акцијата ја координира Апостолската милостилница која во наредните денови набавените апарати, ќе ги раздели по болниците колку што е можно побрзо. Особено многу луѓе починаа во Северна Италија, меѓу другото и поради немањето доволно респиратори на одделенијата за интензивна нега, со кои можеше да им се спаси животот.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот