Папата: Доверете се на Бог, бидејќи е милосрден

По светата Литургија во катедралата во Банги, Светиот Отец го отвори молитевното бдение за млади посветено на милосрдието. На почетокот едно момче зборуваше за тоа како младите во Централноафриканската Република сакаат заедно да градат иднина на мир и благостостојба.

Потоа Папата исповеда неколку млади и во спонтаниот говор фокусиран на простувањето и создавање на мир се обрати на присустните.

Милосрдието е љубовта на единствениот Бог Кој секогаш простува. А Папата тоа го објасни со гестот кој зборува повеќе од многу зборови, исповедувајќи неколку млади во Централноафриканската Република. Со тој симболичен гест започна Молитвеното бдение на собраните момчиња и девојки. Како и на средбите со младите во Кенија и Уганда поттикна на простување, љубов и градење мир.

Своето размислување го започна зборувајќи за стеблото на бананата цврсто и отпорно кое младите го избраа за свој симбол, „симбол на животот“. Треба да се биде упорен, да се стекне храброст со упорноста, да се биде упорен во борбата за доброто. Оној кој бега не е храбар да даде живот. „А како да се издржи“ – праша Папата одговарајќи: Во прв ред треба да се моли, бидејќи молитвата го победува злото и приближува до Бог, потоа се зазема за мир, бидејќи мирот не е документ кој се потпишува и чува, треба секојдневно да се создава мир – објасни Папата додавајќи:

Мирот е занает со рацете се создава, со сопствениот живот. А како еден млад човек од Централноафриканската Република може да стане миротворец? – праша Папата одговарајќи: Прво, никогаш не треба да мрази. Ако некој ти направи зло, настојувај да простиш. Ништо омраза, многу простување! Повторно заедно: Ништо омрза, многу простување! Ако во твоето срце нема омраза, ако простуваш, тогаш ќе бидеш победник во најтешката животна битка, победник во љубовта. Преку љубовта доаѓа мирот – рече Папата.

Папата повтори „само на патот на љубовта се победува“, а тој пат може да доведе до простување на непријателот кој ни направил зло. Љубовта никогаш нема да е поразена. Да се бега, да се сокриваш, тоа не е решение – рече Папата повторувајќи:

Треба да се биде храбар во простувањето, во љубовта и во формирањето на мирот – истакна Папата и го нагласи значењето ма отворањето на Светите врати. Денес ја отворивме таа врата, а тоа значи вратата на Божјото милосрдие. Доверете се на Бог, бидејќи е милосрден, бидејќи е љубов, Тој може да ни подари мир. Затоа на почетокот ве поттикнав да молите. Треба да молите за отпорност, за љубов, да не се мрази, човекот да биде занаетчија на мирот – заврши Папата поттикнувајќи ги младите на молитва за мир и помирување.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот