Папата: Дијалогот е израз на љубов

Папата: Дијалогот е израз на љубов

На 11 март 2017 година, папата Фрањо оствари средба со вработените и волонтерите во службата Telefonо Amico по повод 50 години од нивното делување.

Telefonо Amico е италијанска волонтерска служба која стои на располагање на сите кои се чувствуваат сами, депримирани, вознемирени или лути – а тие се тука и за оние кои едноставно бараат некој со кој би поразговарале и кој би сакал да ги слуша. Во службата работат 700 волонтери кои секојдневно се со телефонот од 10.00 часот наутро до полноќ.

„Големите градови се преполни“, истакна Светиот Отец, „а повторно се симбол за начинот на живот кој помалку е човечен, а на кој луѓето сепак сѐ повеќе се навикнати: раширена рамнодушност, комуникација која сѐ повеќе е виртуелна и нелична, недостаток на цврсти вредности на кои може да се заснова сопствената егзистенција, културата на поседување и изглед. Во тој контекст важно е да се поттикнува на дијалог и слушање.

Папата на присутните им рече дека дијалогот ни овозможува да ги запознаеме и разбереме потребите едни на други. „Прво што со дијалогот покажува голема почит, затоа што ги поставува луѓето во меѓусебна отвореност за секој да ги прими најдобрите аспекти од својот соговорник,“ рече папата Фрањо.

Дијалогот исто така е израз на љубов, бидејќи иако не ги занемарува разликите, може да помогне во барањето и заедничко учество на патот, со цел постигнување општо добро. Понатаму по патот на дијалог можеме да научиме да го видиме другиот не како закана, туку како дар Божји. Дијалогот им помага на луѓето да ги хуманизираат нивните односи и да ги надминат недоразбирањата. „Кога би имало повеќе дијалог – оној вистинскиот дијалог – во семејството, на работното место, во политиката, толку прашања би се решиле многу лесно,“ рече Светиот Отец.

Папата потоа зборуваше за способноста за слушање која за жал не е многу честа. Станува збор за темелен и неопходен услов за дијалог. „Слушањето на другиот бара трпение и внимание,“ рече папата Фрањо. „Само тие кои се во состојба да молчат, знаат како да го слушаат: Бог, братот или сестрата во потреба, пријателот, член на семејството.

Светиот Отец го истакна самиот Бог како најдобар пример за слушање. „Секој пат кога се молиме, Он нѐ слуша,“ и продолжи: „Не ни упаѓа во зборот, туку ја презема иницијатива за исполнување на нашите молби за помош.“ „Способноста за слушање, чиј пример е Бог,“ рече на крајот папата Фрањо, „нѐ поттикнува на рушење на ѕидовите на неразбирањето и на градење мостови на комуникација, надминувајќи ја изолацијата и затвореноста во својот мал свет.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот