Папата: Дистрибуцијата на вакцината мора да биде праведна

Папата: Дистрибуцијата на вакцината мора да биде праведна

„Пред сѐ сакам да ги споменам бројните жртви и милиони луѓе кои страдаат од Ковида-19. Се молам за нив и за членовите на нивните семејства. Пандемијата не направи разлика и ги погоди луѓето од сите култури, религии, социјално и економско потекло“, напиша папата Фрањо во писмото до генералниот секретар Ребека Гринспан Мајуфис, кое беше прочитано пред учесниците XXVII. Хиспано-американскиот самит одржан, со директен пренос, во Андора од 20 до 21 април 2021 година.

Главната тема на самитот беа предизвиците предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, а Папата во писмото потсети „на напорната работа на лекарите, медицинските сестри и техничарите, медицинскиот персонал, капеланите и волонтерите кои во овие тешки времиња, освен лекувањето на болните, ризикувајќи го нивниот живот, им беа воедно ленови на семејството или пријатели кои им недостасуваа“.

Во продолжение Папата ја потврди својата позиција во однос на вакцините. „Препознавајќи ги напорите направени за да се најде ефикасна вакцина против Ковид-19, би сакал да повторам дека сеопфатната имунизација треба да се смета за универзално општо добро, концепт што бара конкретни дела, кои ќе го поттикнат целиот процес на истражување, производство и дистрибуција на вакцините” пишува Папата во писмото напишано на шпански јазик.

Според Папата, распределбата на вакцините мора да биде „фер, не само врз основа на економски критериуми, туку земајќи ги предвид потребите на сите, особено на најранливите и најсиромашните“.

„Ние мора да ги здружиме силите за да создадеме нов хоризонт на надеж во кој главната цел не е економската добивка, туку заштитата на човечкиот живот“, истакнува папата Фрањо.

Папата потоа ја истакна и „потребата од реформа на структурата на меѓународниот долг, како составен дел од нашиот заеднички одговор на пандемијата“. Повторно преговарање за должничкиот товар на најсиромашните земји е гест кој ќе им помогне на луѓето да се развиваат, да имаат пристап до вакцини, здравство, образование и работа“.

„Ништо од ова нема да биде можно без силна политичка волја во која ќе се изнајде храброст за донесување одлука работите да се менуваат, посебно приоритетите, така што сиромашните не треба да плаќаат највисока цена за овие трагедии што влијаат на нашето човечко семејство“, истакнува Светиот Отец на крајот од писмото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот