Папата: Делата на милосрдието нѐ оддалечуваат од себичноста

Папата: Делата на милосрдието нѐ оддалечуваат од себичноста

Нека делата на милосрдието не бидат давање милостиња за да си ја олесниме сопствената совест, туку учествување во страдањето на другите, па и ризикувајќи и одрекувајќи се од сопствените комотности – е резимето од проповедта на Папата на светата Литургија на 5 јуни во домот Света Марта.

Папата во проповедта се осврна на првото читање од Книгата Товит, за правеникот Товит кој на своите сиромашни сонародници им помагал – па и по цена на сопствениот живот – погребувајќи скришум тела на загинати. Товит пред страдањето на другите чувствува тага. Да се прават дела на милосрдието – смета папата Фрањо – не значи само да се подели со личноста во потреба она што поседуваме, туку и да со-страдуваш со неа. Да страдаш со оној кој страда – продолжи Папата – не значи да направиш нешто за да си ја олесниш сопствената совест; ќе направам добро дело за да можам да бидам мирен; за да ми падне камен од срцето – Не! Тоа значи исто така и да чувствуваш болка за другиот; да делиш и со-страдуваш одат заедно – рече папата Фрањо.

Милосрден е оној кој со другите знае да подели добра, но кој знае и да со-страда заради проблемите на другите. Знам ли да делам со другите? Дали сум великодушен? Кога некој човек страда, во тешкотија, чувствувам ли заради тоа болка? Знам ли да се „ставам“ во туѓата ситуација и страдање? – праша Светиот Отец.

На Евреите во Асирија им било забрането да ги погребуваат сонародниците, затоа што заради тоа можеле да бидат убиени. Затоа Товит разикувал и вршел дела на милосрдието – рече Папата. Да се прави дела на милосрдието – освен делење на она што го поседувам и со-страдањето кое го чувствувам, значи исто така и да се ризикува – рече, наведувајќи го примерот од Рим, за време на Втората светска војна, кога многу луѓе го ризикувале сопствениот живот, за да ги спасат Евреите од депортација и истребување. Тоа биле дела на милосрдието – рече епископот на Рим. Да се ризикува.

Папата Фрањо нагласи и други два аспекта: заради кои делата на милосрдието можат од другите да биде исмеани – како што му се случило на Товит, затоа што го сметаат за човек кој прави „лудости“, наместо да „биде мирен.“ Освен тоа, тоа значи да се лишиш од сопствените комотности – смета Папата. Правењето дела на милосрдието лишува од комотностите. Имам пријател, пријателка кои се болни, би сакал да ги посетам, но не можам; подобро малку да одморам со телевизија и да бидам „на мир“. Правењето дела на милосрдието значи постојано да се лишуваш од сопствената комоција; но, Господ тоа го направи за нас: отиде на крст, за да постигне милосрдие – потсети Светиот Отец.

Оној кој е способен да прави дела на милосрдието – нагласи Папата – тој е способен заради тоа, што нему претходно му е искажано милосрдие. Господ прво нему му искажа милосрдие. Ако искажуваме милосрдие, тоа е заради тоа што Господ веќе бил милосрден. Да помислиме на нашите гревови, на нашите грешки и како Господ нам ни простил: сѐ ни простил и ни искажал милосрдие. Така исто и ние да правиме на своите браќа – поттикна Папата, завршувајќи ја проповедта со поука, дека делата на милосрдието се оние кои нѐ оддалечуваат од себичноста и кои прават Исус да го наследуваме од близу.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот