Папата: Да ја запреме омразата, да се обединиме во болка и да им помогнеме на Турција и Сирија

Папата: Да ја запреме омразата, да се обединиме во болка и да им помогнеме на Турција и Сирија

Твитер пораката на Папата Фрањо објавена на неговиот профил @Pontifex на 9 февруари 2023 година гласи: „Не“ за војните и поделбите што водат до самоуништување“.

Во меѓувреме, бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија постојано се зголемува; последните податоци говорат за повеќе од 19.000. Европската унија е подготвена да даде поголема поддршка за подрачјата погодени од земјотресот

Време е за сочувство, време е за солидарност. Да ја запреме омразата, да ги запреме војните и поделбите кои водат до самоуништување. Да се обединиме во болката, да им помогнеме на оние кои страдаат во Турција и Сирија, да изградиме мир и братство во светот.

Папата Фрањо упати уште еден апел до меѓународната заедница по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Светиот Отец уште еднаш го искористи својот профил на Твитер @Pontifex за да испрати порака за охрабрување за мир, почнувајќи од трагедијата и близината со настраданото население. И во среда на крајот од Генералната ги охрабри сите да се солидаризираат со погодените подрачја, од кои некои се веќе измачувани од долгата војна.

Помош од Европската Унија

Во меѓувреме, Европската унија соопшти дека е подготвена да ја зголеми својата поддршка за областите погодени од земјотресот во јужна Турција, „во тесна соработка со турските власти“. Нашите мисли се сè уште со вас и вашиот народ – напишаа шефовите на држави и влади на Европската унија во писмото до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот