Папата: Да се учиме да одиме кај Исус

Папата: Да се учиме да одиме кај Исус

Светиот Отец во наговорот кој го одржа од прозорецот на Апостолската палата на 9 јули 2017 година зборуваше за Господ Исус како единствениот кој вистински нѐ сака и кој е нашиот одмор и самиот кај себе нѐ повикува. Папата повика да се учиме во животните тешкотии да одиме кај Исус… Текстот од наговорот на Папата го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри (добар ден) слава на Исуса и Марија!

Во денешното Евангелие Исус вели: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;“ (Мт 11, 28) Господ не го чува тој израз за некои или само за своите пријатели, туку ги повикува „сите“ оние кои се изморени и обременети од животот. А кој може да се чувствува исклучен од овој повик? Исус знае колку животот може да биде тежок. Знае дека многу работи го изморуваат срцето: разочарувањата, повредите на минатото, товарите кои треба да ги носи и неправдите кои ги поднесува во сегашноста, несигурноста и грижата за иднината.

Пред сето тоа, првиот Исусов збор е повикот на движење и реагирање: „Дојдете.“ Погрешно е кога работите ќе тргнат на погрешно, ќе останат во место. Изгледа очигледно, но тешко е да се реагира и да се отвори! И во најмрачните моменти ни доаѓа како природно да останеме сами со себе, размислувајќи за тоа дека животот не е фер, за тоа дека другите се неблагодарни и дека светот е лош. Но, затворени така во самите себе, сѐ гледаме црно. Тогаш дури доаѓа до тоа да се и „фамилизираме“ со тагата, која тогаш може да се вкорени. Не е лесно да се поднесе таа тага и жалост. Но, Исус сака да нѐ извлече од тој „жив песок“ и затоа на секому му вели: „Дојди“. Излезот е во односот, во пружењето раце и подигнувањето на погледот кон оној кој навистина нѐ сака.

Всушност, да се излезе од себе не е доволно; потребно е да се знае каде да се упатиме. Бидејќи многу дестинации се илузорни: ветуваат одмор, а малку даваат, обезбедуваат мир, а даваат забава, а потоа нѐ оставаат во осаменоста од порано, тие се како огномет. Тоа е причината зошто Исус ни говори каде да отидеме: „Дојдете кај мене“. Толку пати, под товарот на животот или пред ситуацијата која нѐ растажува, се обидуваме да разговараме со некој кој ќе нѐ сослуша; со пријател, стручњак… Тоа е големо добро, но да не го заборавиме Исус! Да не заборавиме да му се отвориме Нему и да му го раскажеме својот живот, да му ги довериме луѓето и ситуациите. Можеби постојат „подрачја“ од нашиот живот, кои никогаш не сме ги отвориле и кои останале нејасни, затоа што никогаш не ја виделе светлината Господова. Секој од нас има своја историја и некои мрачни подрачја. Денес Тој ни говори на сите: „Храбро, не дозволувај да те скрши товарот на живот, немој да се затвориш пред стравот и гревот, туку дојди кај мене!“

Тој нѐ очекува, не за магично да ги реши нашите проблеми, туку во нашите проблеми да нѐ зајакне. Исус не ни ги олеснува товарите во животот, туку маката на срцето; не ни го отстранува крстот, туку со нас го носи. И со него секој товар станува лесен, затоа што Тој е одморот кој го бараме. Кога во животот ќе влезе Исус, тогаш влегува мир, оној кој и во искушенијата останува. Да појдеме кај Исус, да му го дадеме своето време; да го среќаваме секој ден во молитвата, во личниот и доверлив дијалог; да се запознаеме со неговите зборови; да го откриеме без страв неговото простување, да ја задоволиме својата глад со Лебот на Животот: ќе се почувствуваме сакани и утешени од Него.

Тој самиот тоа од нас го бара, речиси инсистирајќи. Тоа уште го повторува на крајот од денешното Евангелие: Учете се од Мене и ќе најдете спокој за животот. Да се учиме да одиме кај Исус и додека во летните месеци се обидуваме малку „да се одмориме од она што го изморува телото, да не заборавиме да го пронајдеме вистинскиот мир во Господ. Нека во тоа ни помогне. Дева Марија, која секогаш се грижи за нас кога сме изморени и оптеретени, и да нѐ носи до Исус.

Ангел Господов

Драги браќа и сестри, искрено ве поздравувам сите вас, Римјани и поклоници од Италија и од разни земји. Вие сте многу храбри затоа што стоите на оваа топлина и го поднесувате сонцето. Прекрасни сте. Посебно ги поздравувам верниците од Полска кој дојдоа со велосипеди од Chełma од надбискупијата Лублин (Полска), со сеќавање на големото поклонение кое денес полското семејство Радио Марија го извршува во светилиштето Честохова. За да бидеме во заедништво со нив да измолиме сите заедно едно Радувај се Маријо (Радувај се Маријо…) Со радост ги „примам“ Сестрите служителки на Блажена Дева Марија од Безгрешното зачнување, ја благословувам нивната работа на нивниот Генерален капитул кој започнува денес, како и свештениците од разни земји кои учествуваат на курсот за форматори на семинари во организација на Институтот Sacerdos од Рим. Посебен поздрав до децата од хорот „Puzangalan“- што значи „надеж“ – од Тајван. Ви благодарам за пеењето! Исто така и на хорот Алпино од Palazzola sull’Oglio; како и на верниците од Конверсана. Ви посакувам пријатна недела. Ве молам, не заборавајте да се молете за мене. Добар апетит и се гледаме!

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот