Папата: Да се обнови пактот помеѓу училиштето и семејството

Папата: Да се обнови пактот помеѓу училиштето и семејството

Треба да се обнови воспитниот сојуз помеѓу училиштето и семејството, кој веќе подолго време е во криза – истакна папата Фрањо во говорот до присутните 400 учесниците на XXI национален конгрес на Италијанското здружение на наставници католици, кои на 5 јануари 2018 година ги прими во Ватикан.

Уверен сум дека е раскинат воспитниот пакт помеѓу училиштето, семејството и државата; раскинат е и мораме да го обновиме – рече Папата

Треба да се обнови поддржувајќи нова солидарна „соработка“ помеѓу наставниците и родителите, кои не смеат да бидат на спротивставени страни, кои меѓусебно се обвинуваат, туку едните да се стават на местото на другите и да ги сфатат взаемните тешкотии – рече Светиот Отец.

Да се воспитува за целосна, а не шизофреничка екологија

Другиот аспект кој му е на срцето на папата Фрањо е воспитувањето на децата и младите за екологијата – како што рече – треба да биде целосна, за стил на живот кој се грижи за создаденото. Станува збор за стил на живот кој не е шизофреничен, односно кој на пример се грижи за животните на кои им се заканува изумирање, но не се грижи за проблемите на старите луѓе; или пак оној кој ја штити амазонската шума, но ги занемарува правата на работниците за праведна плата, и сл. Тоа е шизофренија. Екологијата која треба да поучува треба да биде целосна – истакна Папата и рече дека воспитанието пред сè треба да се стреми кон чувството за одговорност. Не треба да се пренесуваат пароли кои другите би требало да ги остварат, туку треба да се поттикнува волја за еколошка етика, појдувајќи од одлуки и гестови во секојдневниот живот.

„Не“ на агресивноста кон оној кој е странец или е поинаков

Освен тоа, важно е да се едуцираат за културата на средбата, помагајќи им на младите да вдишат похуман воздух – рече папата Фрањо и се осврна на појавата булизам. Заради тоа побара наставниците христијани и во католичките и во државните училишта, да ги поттикнуваат учениците за отважорање еден кон друг, и за реалноста која ги опкружува. Освен тоа – според зборовите на Папата – треба да ги направиме способни за грижата и нежноста, и слободни од раширените предрасуди според кои човекот вреди ако е со натпреварувачки дух, ако е агресивен, и груб кон другите, посебно кон оној кој е поинаков, кој е странец или во кој на било кој начин гледа пречка за сопствениот успех.

Светиот Отец го заврши говорот поттикнувајќи ги присутните да не се плашат од разликите и несогласувањата кои нормално постојат во лаичките здруженија, и со нив да се соочат во стилот на Евангелието, давајќи талентот кој е ставен во нивните раце да донесе плод.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот