Папата: Да се соединиме со украинскиот народ

Папата: Да се соединиме со украинскиот народ

За време на средбата со верниците за време на Генералната аудиенција, папата Фрањо го пренесе сведоштвото добиено од кардинал Крајевски, кој беше присутен во Изум за време на ексхумацијата на масовните гробници.

При посета на Украина по четврти пат во име на Светиот Отец, кардиналот Конрад Крајевски го информира Светиот Отец за напредокот на оваа мисија на близина и солидарност. По посетата на Изиум, каде што Папскиот пратеник се молеше над телата на луѓето кои беа ексхумирани од масовните гробници и ја посети комората за мачење поставена во локалната полициска станица, телефонски му раскажа на папата Фрањо за искуството, кое пак Папата го сподели со учесниците на Генералната аудиенција во среда, 21 септември 2022 година. На крајот од средбата, Светиот Отец со неколку збора, без претходно подготвен текст, им се обрати на ходочасниците:

„Би сакал да ја спомнам и ужасната ситуација во долготрпеливата Украина. Кардиналот Крајевски отиде таму по четврти пат. Вчера ми се јави. Тој е таму, помага во околината на Одеса, сведочи за близината… Ми кажа за болката на овој народ, за ѕверствата и ужасите, за телата на измачените луѓе. Да се соединиме со овој народ, које е благороден и маченички.

Ватикан њуз /к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот