Папата: Да не престанеме да молиме за дарот на мирот

Папата: Да не престанеме да молиме за дарот на мирот

Од 19 до 21 мај 2017 година, во Лурд се одржува 59. по ред Меѓународно воено поклонение, на тема: „Дарувај ни мир,“ на кое ќе учествуваат повеќе од 12 илјади припадници од повеќе од 40 земји во светот.

По повод таа средба Светиот Отец, преку својот Државен секретар кардинал Пиетро Паролин, упати пригодна порака.

Во пораката се истакнува дека Папата им се заблагодарува на сите кои се „заземаат за обнова и одржување на светскиот мир“… „Во овие тешки времиња“ – се вели во текстот – „важно е да се сетиме дека мирот е дар за кој луѓето никогаш не би требало да престанат да го молат од Отецот“ затоа што „Бог секогаш одговара на оваа молитва на своите деца“ и тоа „конкретно, подигнувајќи поборници на мирот, братството и солидарноста.“

Потоа папата Фрањо ги поттикнува учесниците на ходочастието, за да се победи „злото и омразата“ да гледаат кон Христос и да бидат „вистински сведоци на вистината“. На крајот Папата ја изразува својата близина и поддршка на сите кои се под оружје – „посебно во опасни околности“ и сите ги доверува на заштитата на Пресвета Богородица Лурдска.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот