Папата: Да не ни остане срцето затворено

Папата: Да не ни остане срцето затворено

Господ е милостив, затоа сака и ние сите да бидеме такви, да живееме за другите и да ги даваме нашите животи. Тоа го рече папата Фрањо за време на светата Литургија, во домот Света Марта, на 19 декември 2017 година.

Господ е милостив, затоа сака и ние сите да бидеме такви, да живееме за другите и да ги даваме нашите животи. Тоа го рече папата Фрањо за време на светата Литургија, во домот Света Марта, на 19 декември 2017 година, охрабрувајќи нè да погледнеме во празната колепка, во очекувањето на Младенецот, а исто така да погледнеме во нашето срце, да не остане затворено како музејски експонат.

Во денешното литургиско читање се зборува за навестувањето на раѓањето на Самсон и на свети Иван Крстител, објавено од ангелот на две неплодни жени, или премногу напредни во годините, како што бил случајот со Елисавета. Во тоа време неплодноста била срам, додека благодат и Божји дар било раѓањето на детето. Папата рече дека во Библијата се зборува за многу неплодни жени, кои ревно сакале да имаат деца, или за мајки кои ја оплакувале загубата на своето дете.

Плодноста во Библијата е благослов

„Таму каде го има Бог, има плодност,“ истакна Папата: „Ми доаѓаат на ум, меѓу другото некои држави кои ја избрале неплодноста и страдаат од таа толку лоша болест, која е демографска зима… Немаат деца. Благосостојба, тоа, она… Држави без деца, тоа не е благосостојба. Но, тоа е нешто минливо, бидејќи плодноста секогаш е Божји благослов.“

Папата објасни дека станува збор за материјална и духовна плодностворност. Да се даде живот. Човекот може и да не се ожени, како свештениците и богопосветените лица, но треба да се живее за да се дава живот на другите. Тешко на нас, истакна Папата, ако и ние не сме милостиви, ние не сме благодатни на добри дела.

И пустината ќе расцвета: тоа е Божјото ветување.

Благодатта е Божји знак. Папата Фрањо потсети на прекрасните симболи, избрани од пророците, како што е пустината. Што има повеќе неплодно од една пустина и покрај тоа се вели дека и пустината ќе расцвета, сувата земја ќе се исполни со вода. „Тоа е Божјото ветување, Бог е плоден.“

Плодноста е благодат која треба да ја измолиме од Бог

Благодат е да имаме деца, кои ќе ни ги затворат очите при смртта, рече Папата. Папата се осврна на Рождеството Христово кое се приближува:

„Овде има една празна колепка, можеме да ја видиме. Таа може да ни биде симбол на надежта, бидеќи ќе дојде Младенецот, а може да остане и музејски експонат, празна цел живот. Нашето срце е колепка. Какво е моето срце? Празно ли е, но подготвено да добие живот и да дава живот?… Или ќе биде срце, зачувано како музејски експонат, кое никогаш не се отворило за животот, за да дава живот?

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот