Папата: Да го обновиме воодушевувањето и радоста за Eвхаристијата

Папата: Да го обновиме воодушевувањето и радоста за Eвхаристијата

Евхаристијата е спомен на Исусовата жртва, света Тајна на Неговото тело и крв, кои се даваат за спасение на светот

Да го обновиме воодушевувањето и радоста за евхаристијата, која е чудесен Божји дар – рече папата Фрањо во недела 23 јуни 2019 година пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар и додаде: Во Италија и во други земји, денес се слави празникот Тело и Крв Христови. Евангелието кое е наменето за оваа литургиска прослава ни зборува за чудесното умножување на лебовите кое се случува на брегот од Галилејското езеро (сп. Лука 9,11-17). Исус имал намера да им зборува на илјадниците луѓе и да оздравува. Но во предвечерието доаѓаат учениците кај него и му велат: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; оти овде сме во пусто место.” А тој им рече: „Дајте им вие да јадат!” Тие зборови предизвикаа чудење кај учениците и му рекоа: Ние немаме повеќе од пет лебови и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.”

Исус ги повикува своите ученици секој за себе да направи вистинска промена на логиката со меѓусебно делење, започнувајќи од она малку што Провидноста ни го дава на располагање – рече Папата и напомена: И веднаш покажува дека многу добро знае што сака да направи. Им вели: „Кажете им да поседнат на купчиња по педесет.” А Он, кога ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови. Започна да го крши лебот и да ги дели рибите, давајќи им ги на учениците, кои го послужија мноштвото. Храна имаше за сите и сите се наситија.

Тоа чудо е толку многу важно што за него зборуваат сите евангелисти, ја покажува силата на Месијата и во исто време, Неговото сочуство со луѓето – рече Папата и објасни: Тој чудесен чин не само што станува еден од големите знаци од Исусовот јавен живот, туку и претходи на она што ќе се случи покасно, на крајот, споменот на Неговата жртва, односно Евхаристијата, светата Тајна на Неговото Тело и Крв кои се даваат за спасение на светот.

Евхаристијата е резиме на целиот Исусов живот кој бил единствен чин на љубов кон Отецот и браќата – рече Папата и истакна: И таму, како и со чудото со умножување на лебовите, Исус го зема лебот во рацете, упатува благодарствена молитва на Отецот, го прекршува и го дава на учениците; истото го направи и чашата вино. Но во тој момент, во пресрет на својата мака сакал во тој чин да остави завет на Новиот и вечниот сојуз, траен спомен на својата мака, смрт и воскресение. Празникот на Телото и Крвта Христова секоја година нѐ повикува да го обновиме радосното воодушевување за тој чудесен дар Господов, кој што е Евхаристијата.

Да го прифатиме благодарно, не на пасивен и вообичаен начин, туку вистински обновувајќи го својот „амин“ на Телото и Христово како динамизмот на Неговата љубов би го преобразил нашиот живот во чист и свет дар на Бог и за добро на оние кои ги сретнуваме на својот пат. Процесиите со Пресветата Тајна кои на овој празник се одржуваат насекаде во Католичката црква се одраз на евхаристиската вера на светиот Божји народ. Па и јас вечерва во римската населба Касал Бертоне ќе славам Литуригија, а потоа ќе има и процесија. Ве повикувам сите да учествувате на неа, па и духовно по пат на радио и телевизија. Богородица со вера и љубов нека ни помогне да го следиме Исус кој го почитуваме во евхаристијата – рече на крајот Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот