Папата: Да го бараме Исус присутен во дарохранителницата и во оние кои страдаат

Папата: Да го бараме Исус присутен во дарохранителницата и во оние кои страдаат

Папата ги поттикнува верниците да живеат евхаристиски живот, да го пренесуваат во светот огнот на Божјата љубов. Тоа го направи за време на Генералната аудиенција, а денес повторно го истакна тоа во објавената Твитер порака

Денес во Црквата се слави празникот Пресвето Тело и Крв Христови, односно таинството на Евхаристијата, која Исус ја воспостави на Последната вечера. Исус ги прифаќа грешниците и јаде заедно со нив. Тоа се случува и со нас на секоја света Литургија, во секоја црква, Исус со задоволство нè прима на својата трпеза, каде што се жртвува за нас – напиша Папата на 11 јуни на Твитер. Вчера пак на Генералната аудиенција ги поттикна верниците да живеат евхаристиски живот, да го пренесуваат во светот огнот на Божјата љубов.

Поздравувајќи ги верниците на италијански јазик, поврзани преку медиумите и интернет, Папата потсети дека поради пандемијата со коронавирусот не е можно да се служи Евхаристија на јавни манифестации. Папата, имено вообичаено ја предводи процесијата за празникот Пресвето Тело и Крв Христови од базиликата свети Иван Латерански до базиликата Света Марија Велика. Затоа ги поттикна сите да го гледаат живиот Христос во дарохранителницата. Сепак можеме да оствариме ‘евхаристиски живот’ – рече Папата. Посветениот Агнец во себе го содржи Исус Христос, повикани сме да го побараме во дарохранителницата во Црквата, но и во дарохранителницата на оние кои страдаат, осамените и сиромашните лице – рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот