Папата: Да ги прошириме границите на Црквата до Царството Небесно

Црквата е мисионерска, „ако не мисионира, се затвора, разболува и се расипува, како преку гревовите, така и преку една лажна доктрина, оддалечена од Бог, светскиот секуларизам“. Тоа го рече папата Фрањо во недела 12 окотмври во базиликата Свети Петар на благодарствената Литургија за двајцата нови канадски светци: монсињор Франческо де Лавал – првиот епископ на Квибек и сестра Марија на Овоплотувањето Гијар Мартин, основателка на монашкото општество на Урсулинките во Канада. По канонизацијата, на 3 април годинава, денеска Папата потсети на примерот на двајцата мисионери, кои се сметаат за основачи на Црквата во Квибек, истакнувајќи дека многу браќа и сестри во светот продолжуваат да го навестуваат Евангелието, дури и по цена на својот живот.

„Евангелска мисија на Црквата во својата суштина е навестување на Божјата љубов, милосрдието и простувањето, објавени на луѓето преку животот, смртта и воскресението на Исус Христос“, истакна Папата.

Тоа го прават мисионерите, упатувајќи поглед кон распнатиот Христос, примајќи ја Неговата благодат, која не ја задржуваат за себе. Како свети Павле можат сè за сите, рече папата Фрањо. Умеат да живеат во сиромаштија и изобилство, гладни и жедни и можат сè во името на Бога, кој им дава сила“.

„Со таа сила од Бога, тие имаат храброст“ да излезат „по патиштата на светот со вера во повикот на Господа. Таков е животот на еден мисионер или мисионерка… далеку од дома и татковината; многу од нив се убивани! Како што се случува овие денови со многу наши браќа и сестри“.

„Сеќавањето на мисионерите нè предупредува да не заборавиме на отвореноста и храброста“, додаде Папата надвор од предвидениот текст, „бидејќи ѓаволот е завидлив и не трпи земја оплодена од мисионери“. Оттука и повикот на Папата за „посеаното семе од мисионерите да умре и даде плод на нови храбри мажи и жени кои имаат отворени срца кон Господа“. „Квибек повторно нека стане извор на добри и свети мисионери“.

Пред да го измоли Ангелот Господов од прозорецот на Апостолската палата, Папата го коментираше неделното Евангелие (Матеј 22, 1-14) во кое Исус го споредува Царството небесно со човек цар, кој прави свадба на синот, но многу од поканетите не доаѓаат на свадбата. „Божјата добрина нема граници и не дискриминира никого“, рече Папата. Божјата промисла за спасението на човештвото секогаш продолжува, дури и ако некои од „поканетите“ му го вртат грбот:

„Одбивањето на првите поканети не го обесхрабрува Бог, не ја прекинува прославата, туку ја проширува надвор од границите на разумноста и ги испраќа своите слуги по плоштадите и раскрсниците да поканат луѓе на свадбата – рече папата Фрањо. Тоа се сиромашни, напуштени, добри и лоши. Сите се поканети без исклучок. Така салата се исполнува со „отфрелени”. Евангелието отфрлено од некои наоѓа неочекуван прием кај многу други срца“.

Оттука иповикот наПапата„да не се сведуваБожјотоЦарствовограницитенаеднамалацрквичка“: „Требадаја проширимеЦркватадограницитенаЦарството Божјо“. „Свадбената трпезаезасите“ инасекого муедадена можност даодговоринаБожјатапокана“. И обратно: „никој нема право дасе чувствувапривилегиранилидасе чувствувапосебен“.

„Сето ова нè тера да ја победиме навиката да се приспособуваме удобно на централното место, како првосвештениците и старешините – заврши Папата. Треба да се упатиме кон периферијата на животот, признавајќи дека отфрлените и презрените од општеството се предмет на Божјото милосрдие“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот