Папата: Да бидеме сведоци на понизноста и добрината

Папата: Да бидеме сведоци на понизноста и добрината

На 7 ноемри 2018 година попладне, папата Фрањо ги прими во аудиенција донаторите на божиќното дрво и јаслите направени од песок, кои се поставени на плоштадот Свети Петар. Заблагдоарувајќи им се, потсети на длабоката смисла на тие знаци.

Божиќното дрво и јаслите се два знака кои непрестано нè восхитуваат; зборуваат за Божиќ помагајќи ни да размислуваме за таинството на Бог кој стана човек – истакна папата Фрањо во текот на аудиенцијата за време на која прими околу 350 луѓе донатори на божиќното дрво и на јаслите кои на 7 декември 2018 година се инаугурирани на плоштадот Свети Петар. Јаслите оваа година се направени според старата традиција за песочни склуптури од италијанскиот град Јесоло со песокот од Доломитите, додека дрвото високо околу 21 метар доаѓа од италијанската висорамнина Кансиглио, а ја дарува бискупијата Конкордија-Порденоне.

Нека јаслите и божиќното дрво, симболи на Божиќ го внесат во семејствата и на местата за собирање одразот на Божјата светлина и нежноста, за да можат на сите да им помогнат да го живеат празникот на Исусовото раѓање. И ние размислувајќи за Детето Бог Кој зрачи со светлина во скромната јасла, да станеме сведоци на понизноста, нежноста и добрината – посака Папата.

Маленкоста е слобода

Посебна карактеристика на овогодинешните јасли на плоштадот Свети Петар е песокот, материјал кој потсетува на едноставноста, на маленкоста и на кревкоста. Може да ни изгледа дека таа маленкост е во противречност со божественоста; дури од самиот почеток некој мислел дека тоа е само обичен изглед – рече Папата – меѓутоа тоа не е така затоа што маленкоста е слобода.

Кој е мал – во евангелска смисла – не само лесен, туку е и слободен од секоја желба да се покаже и од секое барање за успех; како децата кои спонтано се изразуваат и се движат. Сите сме повикани да бидеме слободни пред Бог, повикани сме да ја имаме слободата на детето пред својот татко. Детето Исус Синот Божји и нашиот Спасител Кој го ставаме во јаслите е свет во сиромаштвото, маленкоста, едноставноста и понизноста – истакна Папата.

Божиќното дрво – Бог се спушти за нас да нè воздигне

Дрвото пак со своите лампиони нè потсетува дека Исус е светлото на светот, дека ја распрснува темнината и создава простор за простување. Овогодинешната елка – истакна папата Фрањо со својата висина нè поттикнува на уште едно размислување: дека Бог со раѓањето на својот Син Исус се спушти до човекот за да го воздигне од маглите на самољубието и гревот и неговата човечка сосотојба да ја направи учесничка во својата природа. На крајот Папата се заблагодари на сите кои ги даруваа тие божиќни симболи, како и на оние кои учествуваат во нивното остварување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот