Папата: Да бидеме блиску до болните од рак и нивните семејства

Папата: Да бидеме блиску до болните од рак и нивните семејства

Примајќи ги членовите на италијанската лига за борба против ракот, Папата ја истакна сѐ поголемата потреба во културата на отфрлање да се биде „близок и ги охрабри членовите да продолжат да работат на подобрување на системот за јавно здравје, кој е „дар“.

Историјата на Италијанската лига за рак, која ја прослави својата 100. годишнина, влече корени од минато полно со важни настани, а кое сега е посветено и отворено за иднината исполнето со очекувања и перспективи. Ова се зборовите на папата Фрањо, кој ги прими членовите на лигата и по тој повод им посака „Среќен роденден!“ – не само на присутните, туку и на сите со кои работат – пациенти, здравствени работници и истражувачи.

Да се биде ближен

Работата на лигата е претходник на денешната палијативна нега, истакна Светиот Отец. Соочени со реалноста на толку многу луѓе од сите возрасти кои се соочуваат со болеста, вие избравте и секогаш избирате да се „борите“ заедно со нив и со оние што се грижат за нив. Избирате да бидете ближни – нешто што е попотребно од кога било во општество опфатено од културата на рамнодушност, рече тој.

Луѓето заболени од рак беа доведени во уште поголеми неволји за време на пандемијата. Да се биде близок значи водено да се биде близок и со семејствата на болните, како и со здравствените работници кои исто така беа искушувани поради тешките услови за работа, рече Светиот Отец. Пандемијата ги забави и процесите на превенција и дијагностицирање, со очигледни последици пред се врз лекувањето на болеста, но и врз спокојството на семејството и општеството во целина. И тоа бара натамошна превенција и внимание од сега па натаму, рече папата Фрањо.

Да се одговори на културата на отфрлање

Предноста на Италијанската лига за борба против ракот е облик на општествено милосрдие, кое го постигнуваат во соработка со јавните и приватните тела и со волонтери, додаде Папата. Здружувањето, рече тој, е важно сведоштво за рамнодушноста, за менталитетот што се обидува да ги исклучи оние што не се совршени. А таквото сведочење, продолжи тој, претпоставува формација. „Да се прави“ не е доволно, потребно е да се едуцира, да се формира, да се одговори на културата на отфрлање која се обидува да ја маргинализира ранливоста, кревкоста, страдањето. Папата го повтори апелот да се работи на подобрување на државниот здравствен систем, за кој рече дека е дар за општеството. Јавниот здравствен систем е богатство што мора да се одржува и унапредува, рече тој, осврнувајќи се на зборовите што ги кажа на неодамнешната катехеза на Генералната аудиенција на 9 февруари – дека секогаш треба да се даде приоритет на правото на грижа и грижа за сите, па така никогаш да не бидат отфрлени најранливите, особено постарите и болните. Животот е право, а не смртта, која треба да се прифати, а не да се поддржи. Овој етички принцип важи за сите, не само за христијаните или верниците.

Заедно можеме да ја запреме оваа култура која сака да го афирмира моделот на „економскиот“ човек, кој вреди онолку колку што тој произведува и троши, рече Папата. Напротив, и во страдањата и болестите, ние во потполност сме мажи и жени, без намалување, препознавајќи се себеси во таа единствена психофизичко-духовна целина што е специфична само за човечката личност.

Христијанскиот отсјај на страдањето

На крајот од своето обраќање, Папата потсети на својот претходник, свети Иван Павле II, кој во Апостолското писмо Salvifici doloris вели дека во страдањето се препознава „христијанскиот отсјај“, затоа што Христос во неговото откупително страдање станал соучесник во сите човечки страдања. Откривајќи го Христовото страдање, човекот преку верата повторно го открива своето страдање збогатено со нова содржина и значење.

Охрабрувајќи ги членовите на италијанската лига за борба против рак, Папата побара да бидат придружувани од застапништвото на, како што рече, „големиот“ свети Леополд Богдан Мандиќ, заштитник на болните од рак. Но, додаде Папата, свети Леополд Мандиќ е и заштитник на духовните тумори, бидејќи исповедувал и простувал сѐ. Истакнувајќи го неговото милосрдие, Папата рече дека такви свештеници се потребни и денес.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот