Папата: Грција не треба да ја губи вербата во иднината

Пред економската и финансиската криза, упатувајте ги сите да веруваат во иднината и да се противат на „културата на песимизам“ и да го сведочат братството и солидарноста. Ова беше повикот на папата Фрањодо Католичката епископска конференција на Грција, чии членови, во четврток, 5 февруари ги прими во аудиенција во Ватикан по повод нивната посета „Ад лимина“.

„Духот на солидарност со кој секој христијанин е повикан да го сведочи конкретно во секојдневниот живот е квасецот за надеж – нагласува Папата. Многу е важно да се зачуваат конструктивните односи со државните власти и сите компоненти во општеството, за да може солидарноста да се развие и прошири во дијалог и во соработка со другите европски земји“. Тоа треба да биде во комбинација со „братска заедница која е императив, како за растењето на Црквата во Грција, така и за прогресот на целото општество“.

Братското општење меѓу христијанските заедници треба да биде пројавено и кон бројните емигранти, кои се носители на духовни и културни вредности, без разлика на расата, јазикот или религиознотоверување, додава Папата. „Христијанските заедници кои се отворениза средба и прифаќање на оние кои се во потреба можат да придонесат за реалната промена на општеството со цел да го изедначат со евангелскиот идеал“. Папата изрази задоволство од помошта на грчките епископи во хуманитарната дејност“, особено кон емигрантите, вклучувајќи ги и тие со нерегуларни документи, меѓу кои многумина се католици“, како поттик за„евангелизацијата да продолжи со обновен елан, врз младите, кои се иднината на нацијата“.

Папата поттикна „со истиот дух да продолжи и дијалогот со православните браќа, со цел да се зајакне Екуменискиот пат кој е неотповиклива перспектива за мирна и плодна духовна иднина за целата нација“.

„И покрај бројните тешкотии“, Црквата во Грција треба да ја продолжи својата евангелска мисија, особено во областа на образованието, со цел „да се даде нова виталност на христијанските заедници“, нагласува Папата. Посебно внимание посветува на „улогата на лаиците“ и нивната соработка со епископите што е „задолжително во исчекувањето на современите и идните предизвици“. Тоа значи „соодветна грижа за нивното формирање, зголемувајќи го присуството на црковните движења и здруженија кои ако се предводени правилно од епископите можат да шират мисионерски дух и христијанска радост“.

На крајот Папата потсетува дека „правното признавање на Католичката црква во Грција е значаен настан“, кој помага да се гледа со поголемо спокојство кон иднината.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот