Папата: Грижете се за младите и оние кои страдаат од пандемијата

Папата: Грижете се за младите и оние кои страдаат од пандемијата

Во однос на денешниот свет во кој разновидноста на потрошувачката понудата може да доведе до индивидуалистичка тага што извира од лагодно и скржаво срце, од болна потрага по површни задоволства, од изолирана совест, потребно е соочување со предизвиците во формацијата и воспитувањето на човечката личност  – рече папата Фрањо.на учесниците на Генералното собрание на Конгрегацијата на сестрите на Пресвета Богородица – канонки на свети Августин.

Станува збор за монашко семејство кое се посветува за поучување и воспитување во сите негови облици, а чие послание е да бидат присутни во различни локални реалности, во пасторалното делување, навестување на верата, учество во општествениот живот. Папата ги охрабри сестрите кои се вдахновени од учењето на епископот од Хипо и кои се залагаат за народно образование, за образование во верата и правдата, како и за сиромашните и ги поттикна да бидат мисонерки ученички и заедница на надеж и радост.

Барајте нови начини за да допрете до младите луѓе

Осврнувајќи се на темата на нивното Генерално собрание, а тоа е „Образовниот пакт на Конгрегацијата на Нашата Богородица“, Папата го нарече силен повик да се размислува за нови можни начини да се допре до младите во нивниот секојдневен живот, да се придонесе за нивниот севкупен развој. Соочени со предизвиците и опасностите кои им се закануваат на младите, се надевам дека вашата посветеност и ентузијазам, обликувани од силата на Евангелието, ќе им го вратат еланот и желбата да изградат општество достојно за тоа име – рече Папата.

Грижа за најзагрозените

Нагласувајќи потоа дека со нивните зборови, дела и сведоштво испраќаат силна порака до светот кој – како што рече – ги отфрла ранливите категории, Папата ги поттикна канонките на свети Августин да се потпрат на Христос за да го остварат своето послание. Напојувајте се од молитвата и обожавањето, со изворот на добрината и вистината, и во заедништво со умрениот и Воскреснат Христос пронајдете сила за позитивен поглед, поглед полн со љубов и надеж, сочувствителен поглед, нежен поглед кон светот, посветувајќи посебно внимание на ранливите групи. Така, вашето послание на воспитувачки ќе донесе квалитетни плодови меѓу луѓето, за доброто на општеството – рече папата Фрањо и на крајот ги охрабри монахињите во ова време, во кое пандемијата Ковид-19 предизвика криза која се одразува во многу области, и посебно има влијание и на образованието и младите, да бидат што поблиску до луѓето кои живеат во изолација, тага и кои се обесхрабрени.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот