Папата го спомна „мудриот и нежен пастир“, кардиналот Баавобро

Папата го спомна „мудриот и нежен пастир“, кардиналот Баавобро

Во телеграма со сочувство, папата Фрањо моли за душата на починатиот кардинал од Гана Ричард Куи Баавобро

Папата Фрањо во вторник, 29 ноември 2022 година, изрази сочувство по повод смртта на кардиналот Ричард Куи Баавобро, бискуп од Ва, Гана, кој почина во недела вечерта во Рим. Во телеграмата во која го изразува своето искрено сочувство до семејството на кардиналот, африканските мисионери чиј член беше, свештенството, монасите и монахињите и верниците од бискупијата Ва, Папата истакна дека е благодарен на кардиналот за неговото верно сведочење на Евангелието обележано со великодушно служење на Црквата во Гана, посебно за оние во потреба. Телеграмата на Папата завршува со утешни зборови за сите кои тагуваат по повод смртта на кардиналот и со неговиот апостолски благослов како залог на утеха и мир во Исус, во сигурна надеж за воскресение.

Прогласен за кардинал во отсуство

Ричард Кууја Баавобр, бискуп на Ваа во Гана, на 27 август годинава во отсуство беше прогласен за кардинал. Тој пристигна во Рим еден ден порано, но не присуствуваше на конзисториумот поради болест. Беше хоспитализиран и помина повеќе од два месеци во болница. Само неколку дена по напуштањето на болницата, кардиналот Баавобр почина во неделата во Рим.

Свештеник, мисионер и кардинал

Кардиналот Баавобр е роден во 1959 година, а се приклучил на Друштвото на мисионери на Африка (Бели оци) во 1981 година. За свештеник е ракоположен во Гана во 1987 година. Студирал теологија на Мисионерскиот институт во Лондон, а потоа и библиска егзегеза. Се стекнал со магистратура за Светото Писмо и докторат по теологија, специјализирајќи библиска теологија. После тоа, беше кустос на парохија во Киншаса, Демократска Република Конго, од 1996 до 1999 година, едукатор на африканските мисионери во Канхангала, Танзанија, а потоа и директор на формацијата во Шамбре за мисионерите на Африка во Тулуз, Франција. Во 2010 година беше првиот африкански свештеник које е избран за генерален поглавар на Друштвото на мисионерите на Африка. Од 2006 година е бискуп во Ва. Папата Фрањо го именува за кардинал на 29 мај годинава, а потоа го креира на Конзисториумот на 27 август. На 30 јули 2022 година е избран за претседател на Советот на бискупските конференции на Африка и Мадагаскар, на 19 пленарна заседание на тоа континентално тело во Акра, Гана.

Кардиналскиот колегиум

По смртта на кардиналот Ричард Куи Баавобро, Кардиналскиот колегиум се состои од 225 кардинали, од кои 126 со право на избор и 99 без право на избор.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот