Папата го прими римскиот лутерански пастор

Папата го прими римскиот лутерански пастор

Во петок 10 јануари, папата Фрањо го прими во приватна посета римскиот лутерански пастор Мајкл Џонас.

Поводот на полачасовниот разговор со Светиот Отец беше претстојната Молитвена осмина за единство на христијаните која во целиот свет се одржува од 18 до 25 јануари.

Разговараа и за предизвиците на кои Црквите наидуваат во секуларизирана Европа. Според мислењето на Папата, „малите Цркви би морало да научат да се вратат на едноставните работи.“ Важно е суштината на Евангелието јасно да се навести пред сè веродостојно да се сведочи. Токму на младите кои имаат добро чувство за автентичност, посебно следат како живеат христијаните. Црквите во Европа со векови создавале „морализирачка надградба“ што тешко може да се посредува. Потоа Папата исцрпно се занимаваше со животот на евангелско лутеранската заедница во Рим, и потсети и на својата посета на евангелско лутеранската црква во 2015 година. Лутеранскиот пастор истакна пак дека ја почувствувал „големата доверба“ на Папата кон лутераните која ја „понел уште од Буенос Аирес.“

Лутеранската заедница од германското и италијанското говорно подрачје во Рим има околу 500 членови.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот