Папата го прими претседателот на Латвија

Папата го прими претседателот на Латвија

Папата Фрањо на 25 април 2019 година го прими во аудиенција претседателот на Република Латвија, Рајмондс Вејонис. Канцеларијата за печат при Светиот Престол соопшти дека за време на срдечните разговори се истакнати добрите билатерални односи, а станало збор и за неодамнешната посета на Светиот Отец на Латвија по повод 100 годишнината од независноста.

Потоа се разговарало и за некои прашања поврзани со општествените и верските прилики во земјата, како и за меѓународни прашања, како што се мирот и безбедноста на тоа подрачје, изгледите на европскиот проект за иднината и за животната средина

После средбата со Светиот Отец, латвискиот претседател се сретна со монсињор Антоа Камилери, заменик секретар за односите со државите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот