Папата го прими преседателот на Израел

Ватикан, 01.5.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во вторник 30 април, во Апостолската палата го прими преседателот на Израел Шимон Перес, кој се сретна и со државниот секретар Терчизио Бертоне и секретарот за односи со државите монсињор Доменик Мамберти, соопшти Канцеларијата за печат на Светата Столица.

На средбата станало збор за политичките и општествените прилики на Блискиот Исток, каде се уште постојат немири. Изразена е желба за што побрзо продолжување на преговорите меѓу Израелците и Палестинците и со храбра одлука и подготвеност и на едната и на другата страна, како и со поддршка од меѓународната заедница, да постигнат договор со кој ќе се почитуваат легитимните цели на двата народа, кој пак ќе придонесе за мир и стабилност во регионот. Една од неизбежните теми било и прашањето за градот Ерусалим. Изразена е посебна загриженост поради немирите во Сирија и желба за пронаоѓање политичко решение кое ќе даде предност на логиката на помирување и дијалог.

Во разговорите, било истакнато и за односите помеѓу Израел и Светата Столица за израелските државни власти и католичката заедница во Израел. Пофален е напредокот кој го постигна Билатералната работна комисија која работи на подготовка на Спогодба за прашања од заеднички интерес и изразена е желба да биде што побрзо завршен, стои во соопштението од Канцеларијата за печат на Светата Столица за средбата меѓу папата Фрањо и израелскиот преседател. (Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<