Папата го прими на аудиенција Грегориос III Лахама

Ватикан, 19.4.2013 /к.мк/ – Светиот Отец го прими во четврток 18 април во аудиенција Грегориос III Лахама, мелкитскиот патријарх во Сирија, кој во разговорот за Радио Ватикан истакна дека на Западот се зборува за наоружување и не наоружување на завојуваните во Сирија. Западот не сака да сфати дека не е проблем во наоружувањето и не наоружувањето, туку во тоа како да се воспостави мир. Ние сме секојдневна жртва на хаосот, киднапирањата, експлозиите кои може да ги зафатат училиштата, фабриките, универзитетите, црквите и обичните граѓани. Веќе две години во Сирија го доживуваме Крстен пат – рече патријархот.

На забелешката дека сирискиот конфликт се одразува и на соседните земји, рече дека многу се очекува од средбата Обама и Путин, која би требала да се одржи во јуни. Се надеваме дека двете земји ќе се договорат како да се излезе од кризата, а не за наоружувањето и не наоружувањето. Верувајте ми дека Либан е во голема опасност поради своите големи проблеми. Бејрут гори секој ден. Јордан донекаде е уште стабилен, Палестина страда поради поделеноста, а во Ирак секој ден се бројат жртви од експлозивните направи, атентатите и внатрешните поделби. Мирот на Блискиот исток зависи од мирот во Сирија и од решавањето на израелско-палестинскиот конфликт – заклучи патријархот Грегориос.

Мирот на Блискиот исток, состојбата на христијаните на тоа подрачје, меѓутоа и кризата во Сирија – беа некои од темите за кои папата Фрањо разговараше примајќи го во аудиенција на 15 април монсињор Фуад Твал, латинскиот патријарх во Ерусалим, заедно со неговиот викар и со новиот архиепископ во Тунис, монсињор Илариом Антониазиј. Беше тоа средба која кај сите остави знаци на надеж и радост.

После аудиенцијата, ерусалимскиот патријарх монсињор Твал, се осврна на таа средба во разговор за Радио Ватикан, и за папата Фрањо рече дека е понизен, голем човек кој има дарба за слушање, кој не очекува сè да знае, но сака да знае како би можел подобро да помогне. Добив навистина многу убав впечаток, како за брат… – рече монсињор Твал и после напомна дека на Папата му зборувал за состојбата на Блискиот исток, за состојбата во патријархатот, за семинаријата која – благодарение на Бог – е преполна, како и за поклониците кои – како што рече – ни даваат чувство дека не сме сами: сите се добредојдени!

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<