Папата го прими на аудиенција арменскиот претседател

Во петок 19 септември 2014 година Папата на аудиенција го прими арменскиот претседател Серж Сергсјан, кој потоа се сретна до Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите архиепископот Доминик Мамберти. За време на срдечните разговори потенцирано е задоволството од развојот и зајакнувањето на взаемните односи и е истакната посебната улога на христијанството во историјата и животот на арменското општество.

Во поглед на регионалната политичка состојба, изразена е надеж дека решенијата за комплицираните и досега нерешените прашања ќе се постигнат по пат на дијалог. Во разговорот стана збор и за Блискиот Исток со надеж за мирен соживот на народите во тој регион со заедничко заземање на народите и религиозните заедници. Со посебно внимание се зборувало за религиските малцинства на Блискиот Исток, како и за хуманитарната криза во поглед на бегалците од подрачјата оптеретени со судири.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот