Папата го прими во аудиенција американскиот претседател Бајден

Папата го прими во аудиенција американскиот претседател Бајден

Светиот Отец во аудиенција на 29 октомври го прими претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Р.Бајден.

По аудиенцијата, претседателот Бајден се сретна и со државниот секретар Пиетро Паролин и со секретарот за односи со држави, монс. Пол Ричард Галагер, пренесува Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во разговорот Светиот Отец и американскиот претседател се осврнаа на теми од заедничка посветеност во заштитата и грижата на планетата, здравствената состојба и борбата против пандемијата COVID-19, како и прашањето за бегалците и помошта за мигранти. Збор станало и за заштита на човековите права, вклучително и правото на слобода на вероисповед и совест. Папата Фрањо и претседателот Бајден разменија мислења за актуелните меѓународни прашања воопшто, како и во контекст на самитот на Г20 во Рим. Тие разговараа и за промовирање на светскиот мир преку политички преговори.

Белата куќа, исто така, издаде соопштение по заминувањето на Бајден од Ватикан, во кое се вели дека американскиот претседател му се заблагодарил на Светиот Отец за поддршката на сиромашните и оние кои страдаат од глад, војна и прогонство низ светот и го пофалил лидерството на папата Фрањо во борбата против климатската криза и неговата посветеност за завршување на пандемијата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот