Папата го прими Бан Ки Мун

Папата го прими Бан Ки Мун

Папата Фрањо на 11 април 2019 година во приватна аудиенција го прими Бан Ки Мун, како претседател на Етичката комисија на меѓународниот олимписки комитет, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Папата Фрањо и Бан Ки Мун последен пат се сретнаа во Ватикан во октомври 2016 година по повод конференцијата „Спортот во служба  на човештвото“, кога дипломатот од Јужна Кореја сѐ уште беше Генерален секретар на ОН. Таа должност ја презема во 2007 година од Кофи Анан, а во декември 2016 година го наследи Антонио Гутереш.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот