Папата го пофали Бангладеш заради прифаќањето на бегалците

Папата го пофали Бангладеш заради прифаќањето на бегалците

Папата Фрањо за време на средбата со преставниците на власта, цивилното општество и дипломатскиот кор во Дака, го пофали Бангладеш заради прифаќањето на бегалците од народот Рохинџи, кои побегнале од соседен Мјанмар.

Ситуацијата е сериозна и на Бангладеш му е потребна моментално материјална поддршка од странство за да може навистина да им се помогне на луѓето – рече Папата во својот прв говор по пристигнувањето во Бангладеш. Како и за време на својата посета на Мјанмар, Папата го избегнуваше зборот „Рохинџа.“

Великодушноста и солидарноста се двете карактеристични обележја на општеството во Бангладеш – рече Светиот Отец, додавајќи дека тој став посебно се покажува во справувањето со големиот број бегалци кои пристигнаа во таа земја. Бангладеш на луѓето им понуди привремено сместување, како и работи неопходни за живот. Тој резултат е постигнат не со мала жртва и остварен пред очите на светот – рече.

Папата предупреди на сериозната ситуација на десетиците илјади луѓе. Посебно жени и деца, кои се наоѓаат во преполните бегалски кампови. Тој ја повика меѓународната заедница да не го остави Бангладеш сам на себе и истакна дека се потребни одлучни мерки. Освен што треба да се работи на решавањето на политичките прашања кои доведоа до масовното преселување на луѓето, меѓународната заедница воедно треба да обезбеди материјална помош за Бангладеш за ефикасно да се одговори на итните човечки потреби.

Во Бангладеш во последните неколку години знаело да дојде до насилство над католиците. Сепак, заедничкиот живот на разните веросиповеди во таа земја, во која живеат 160 милиони луѓе, повеќе-помалку е добар, што Светиот Отец експлицитно го пофали. Бангладеш е познат по својата традиционална хармонија меѓу припадниците на различните религии – истакна Папата. Тоа расположение на меѓусебно почитување и растечки меѓурелигиски дијалог им овозможува на верниците слободно да ги изразуваат своите најдлабоки уверенија за смислата и целта на животот. На тој начин можат да придонесат за промовирање на духовните вредности кои се сигурниот темел за праведно и мирољубило општество.

Во светот во кој религијата често се злоупотребува за да се поттикнат поделби, таквото сведоштво за нејзината помирувачка и соединувачка сила е повеќе од неопходна – нагласи папата Фрањо, истакнувајќи ја како пример заедничката реакција на верските водачи на Бангладеш кои после минатогодишниот терористички напад во Дака, испратија јасна порака дека Божјото пресвето име никогаш не смее да се користи за да се оправда омразата и насилството против другите луѓе.

Светиот Отец исто така потсети на основателската визија на младите во земјата која се создаде со отцепувањето од Пакистан. Првиот претседател на Бангладеш шеик Муџибур Рахман, пред очите имаше модерно, плуралистичко и инклузивно општество во кое секој човек и секоја заедница може да живее во слобода, мир и сигурност, а во кое исто така се почитува вроденото достоинство и рамноправноста на сите луѓе. Доброто и иднината на ова млада демократија и понатаму зависи од тие цели – рече Папата, повикувајќи го Бангладеш на единство и делување во корист на сиромашните.

Навистина, народот може само со вистински дијалог и почитување на легитимната различност да ги помири поделбите, да ги надмине едностраните погледи и да ја признае важноста на различните гледишта – нагласи Папата. Вистинскиот дијалог има поглед насочен кон иднината, градењето на единството во служба на општото добро и внимава на потребите на своите граѓани, посебно на сиромашните, оние во неповолна положба, како и оние без глас.

Светиот Отец рече дека католиците кои претставуваат 0.2% од вкупното население на Бангалдеш, настојуваат да помогнат во развојот на земјата, упатувајќи на училиштата и болниците во сопственост на Црквата. Имено, Црквата во Бангалдеш води повеќе од 50 училишта и четири универзитети, и нејзините образовни институции се меѓу најдобрите во земјата. Тоа што сите ги карактеризиа е тоа што поголемиот број деца и студенти кои ги посетуваат не се христијани – рече Папата. Сигурен сум дека, во согласност со словото и духот на националниот Устав, католичката заедница и понатаму ќе ја ужива слободата за да продолжи да прави добри дела кои се израз на нејзното определување за општото дбро – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот