Папата го посети Лопијано

Папата го посети Лопијано

Светиот Отец по Номаделфија го посети и Лопијано, град на Движењето на фоколарите, каде се сретна со повеќе од 7000 верници од Италија и од целиот свет.

По посетата на Номаделфија, Светиот Отец со хеликоптер е префрлен во градот Лопијано недалеку од Фиренца каде го пречекаа Марија Воче, претседателка на Движењето на фоколарите, монс. Марио Меини, епископ на Фиесоле и повеќе од 7000 луѓе од Италија и од целиот свет. Потоа Папата се упати во светилиштето „Марија Мајка Божја“. Потоа Марија Воче пред црквата во името на сите припадници на Фоколарот му упати на папата Фрањо поздрав, а Папата одговараше на прашања на неколку присутни.

Доверба, постојаност и сеќавање

Првото прашање се однесуваше на предизвиците на верноста на харизматските мисли на Кјара Љубик основателка на Движењето на фоколарите, во допир со денешната променета ситуација. Папата во својот говор истакна два поими од Посланието до Евреите: довербата (parrhesia) и постојаноста (hypomoné) како клучни елементи за да се продолжи христијанското дело. Притоа потребно е довербата и постојаноста да се постават во рамките на сеќавањето затоа што ако немаме сеќавање, тогаш сме без корени и нема да донесуваме плодови.

Да се биде христијанин значи да се биде во близина на другите

Потоа на Светиот Отец го прашаа кој свеж и креативен придонес може да го даде училиштето за формација и академската реалност како што е универзитетскиот институт „Софија“ во Лопијано за да се изгради водство кое укажува на новите патеки. Папата Фрањо во својот одговор го назначи искуството на заедничкото одење, на синодалниот начин кој се живее во Лопијано. Притоа секој човек треба да ги донесе сопствените таленти и посебните страни. Во тој контекст истакна уште еден клучен збор, имено близината. Не можеме да бидеме христијани ако го немаме ставот на близината затоа што близината е она што Бог го направил кога го испратил својот Син – рече папата Фрањо.

Предизвикот на креативната верност

Конечно, третото прашање ја допре темата за посланието во денешно време. Одговарајќи на тоа прашање, Светиот Отец зборуваше за предизвикот на креативната верност. Од една страна потребно е да се биде верен на Бог, но истовремено мудро да се навестува Радосната вест. Папата напомена дека во таа смисла Лопијано е добар пример. Пред да се збогува со присутните, папата Фрањо ги поттикна својот поглед да го свртат кон Блажена Дева Марија со чија помош можеме да го запознаеме Исуса.

За Лопијано

Лопијано е првото градче на Движењето на фоколарите, создаден во 1964 година на тосканските ридови близу Фиренца. Моментално брои 850 жители: мажи и жени, семејства, млади и деца, свештеници и монаси и монахињи, од 65 земји од 5 континенти. Повеќе од половината од населението е трајн населено, додека останатите учествуваат во една од 12 меѓународни училишта во кој е предвиден престој од 6 до 18 месеци. Меѓународната и мултикултурната компонента на градчето Лопијано и законот за взаемната љубов кој го прифатија сите жители го прави работилница за соживот меѓу луѓето од различна возраст, општетствен слој, традиција, култура и вера.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот