Папата го повика колумбиското општество кон вистина и помирување

Папата го повика колумбиското општество кон вистина и помирување

На Големата молитвена средба за национално помирување во Виљависенсио, во присуство на жртви од војната, воени, полициски службеници и поранешни бунтовници, папата ги повика Колумбиците кон вистината и помирувањето.

„Колумбија, отвори го срцето на твојот Божји народ за помирување. Не плашете се од вистината и од правдата.“ Тоа е апелот кој го упати папата Фрањо од „Парк лас Малокас“ во Виљавинсенсио, каде што на 8 септември 2017 година се одржа „Големата молитвена средба за национално помирување, во присуство на жртвите од војната, воени и полициски службеници и поранешни бунтовници.

Папата ги повика сите да размислат за дарот на мирот и помирувањето и да станат градители на мирот, „таму каде има омраза и непријателство, да настапи љубов и помирување“, цитирајќи ја молитвата на свети Фрањо.

Средбата беше колуминацијата на посетата на Папата на Колумбија, која има за цел да се поттикне првиот чекор кон помирувањето во земјата по децениската војна и стотиците илјади жртви. Пред да се обрати, Папата беше запознаен со традиционалните танцови и со личните сведоштва на двајца поранешни бунтовници, Хуан Карлос и Дејзи, кои ја напуштиле бунтовничката група ФАРК и сега работат со млади кои учествувале во војната, за ослободување од зависноста од дрога. Лични сведоштва споделија и две жртви на насилството, пасторот Марија Гарсија и Луз Дари, кои сега работат на обнова на луѓето од психички пречки и физички рани направени од нападите.

Папата ги следеше со длабоко внимание сведоштвата и рече дека „го чекал денот на таа средба“: „Овде сум не само за да ви зборувам и за да бидам близу до вас, туку у да ве гледам во очи и да ве слушам, за да го отворите срцето за вашето сведоштво за животот и верата“, рече Папата.

Папата Фрањо ја дефинираше Колумбија како „света земја“, „натопена со крвта на илјадници невини жртви и болката на нивните блиски и познати.“ Таа светост е истакната со присуството на статуата на Христос од Бојер, насликан без раце и нозе, како резултат на експлодираните бомби во црквата на 2 мај 2002 година, предизвикувајќи смрт на десетици верници.

„Гледајќи го Христос ампутиран и ранет треба да нè натера да размислиме – рече Папата. Без нозе и раце, но со зачувано лице, кое нè гледа и ни изразува љубов. Ранет и ампутиран. Христос е уште повеќе Божји Син, затоа што уште еднаш покажува дека дошол за да страда за својот народ и со својот народ; исто така нè учи дека омразата го нема последниот збор, дека љубовта е посилна од смртта и насилството. Нè учи да ја претвориме болката во извор на живот и воскресение, за да можеме заедно со Него да ја придобиеме силата на простувањето, величината на љубовта.

Папата се заблагодари за споделувањето на личните сведоштва, нарекувајќи ги „истории на страдањето и горчината, но исто така истории на љубовта и простувањето, кои ни зборуваат за животот и надежта и нè учат да не дозволиме омразата, одмаздата и болката да господарат во нашите срца.“

Возбуден, обраќајќи се кон Луц Дари, кој му ја подари својата патерица, папата Фрањо рече: „Твојата патерица е знак на раните од војната, но и симбол на една друга важна патерица која ни е потребна – на љубовта и прошката. Со твојата љубов и прошка ти им помагаш на многу луѓе да одат во живот.“

„Надеж има и за сторителите на злото – рече Папата. Не е сè загубено. Исус дојде за да им даде надеж на причинителите на злото.“ „Навистина, тешко е да се прифати промената на извршителите на суровото насилство во името на своите цели, нелегални возови, за да се збогатат или илузорно да веруваат дека ги заштитуваат своите браќа. Но, со сигурност тоа е предизвик за секој од нас да поверуваме дека можат да го направат првиот чекор, и покрај направеното страдање на целата заедница и на целата земја.

За помирувањето е неопходна и вистината, додаде папата Фрањо, повикувајќи се на сведоштвото на Хуан Карлос. „Вистината не треба да води кон одмазда, туку кон помирување и прошка. Вистината значи да се каже на скршените семејства што се случило со нивните исчезнати роднини. Вистината значи да се сподели што се случило со децата војници. Вистината значи да се признае болката на жените жртви на сексуално насилство.“

„Колумбија, отвори го срцето на твојот Божји народ за помирување – го заврши говорот папата Фрањо пред Распетието на Црниот Исус од Бојер. Не плашете се од вистината и од праведноста. Драги Колумбијци: не се плашете да сакате да дадете прошка. Не се спротивставувајте на помирувањето, кое ќе ве направи поблиски, ќе ви помогне да се откриете како браќа, да го надминете непријателството. Настапи часот за раните да се лекуваат, да се градат мостови, а различноста да се изедначи. Настапи часот да се задуши омразата и да се откаже одмаздата, во името на соживотот врз основа на праведноста, вистината и создавањето на вистинската култура за братска средба. Да живееме во хармонија и братство како што сака Господ! Да молиме од Него за да бидеме градители на мирот, таму каде има омраза и непријателство, да настапи љубов и помирување.“

Големата молитвена средба за национално помирување заврши со молитвата на свети Фрањо („Господи направи ме инструмент на твојот мир“) и поздравот на неколку деца. После тоа папата Фрањо со автомобил се упати кон Парк де лос Фундадеорес, каде што се наоѓа Крстот на помирувањето и симболично засади дрво на мирот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот