Папата го именува монс. Диего Равели за нов директор на Папските богослужбени обреди

Папата го именува монс. Диего Равели за нов директор на Папските богослужбени обреди

Досегашниот шеф на канцеларијата во Апостолската милостилница, а сега нов директор на Папските богослужни обреди, папата Фрањо го повика да ја преземе одговорноста и за Папскиот музчки хор. Го наследува монс. Гуидо Марини на кој Светиот Отец му го додели водството на бискупијата Тортона.

Папата Фрањо го именува монс. Диего Равели досегашен шеф на канцеларија на Апостолската милостилница за директор на Папските богослужни обреди и одговорен за Папскиот музички хор.

Роден е на 1 ноември 1965 година, монс. Равели за свештеник е ракоположен во 1991 година. На Факултот за наука за воспитанието на Папскиот салезијански универзитет во Рим во 2000 година дипломирал педагошка методологија, а десет години подоцна на Литургискиот институт на Папскиот универзитет свети Анселмо во Рим докторирал света Литургија.

Од 1998 година бил службеник во Апостолската милостилница, а во 2013 година станал шеф на кацеларијата. По соработката со Канцеларијата за Папски богослужбени обреди како помошник церемонијар, во 2006 е именуван за папски церемонијар. Сега доаѓа на местото на монс. Гуидо Марини кој Папата го именува за епископ на дијацезата Тортона, откако 14 години беше во служба најпрво на Бенедикт XVI, а потоа на папата Фрањо.

Светиот Отец денес освен папскиот церемонијар, го именува дон Кристијан Антониети за секретар на нунцијатурата на служба во Оделот за општи работи на Државниот секретаријат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот