Папата го благослови Парагвај, земја посветена на Дева од Какупе

Папата го благослови Парагвај, земја посветена на Дева од Какупе

Папата Фрањо изминатите денови на парагвајскиот народ и локалната Црква им порача дека го цени нивниот чин на преданост кон Блажена Дева Марија, на која, како и во многу други земји на светот, ја потикнаа локалните бискупи

Благодарност, благослов и молитва – се три збора кои се истакнати во кратката порака која, преку надбискупот Едгар Пена Пара, заменик за општи работи во Државниот секретаријат, папата Фрањо изминатите денови ги испрати на Парагвајската бискупска конференција. Имено, парагвајските бискупи на 3 април ја посветиja таа латиноамерканска земја на Пресвета Богородица на чудата од Какупе и така Парагвај се приклучи кон земјите што за време на пандемијата беа ставени под заштита на Блажена Дева Марија. Светиот Отец напомена дека го цени тој чин и даде благослов на локалната Црква. Ги замоли и да се молат за него, како и за плодовите на неговата служба на светиот Божји народ, и на целиот парагвајски народ ја повика мајчинската заштита на Пресвета Богородица од Какупе.

Светиот Отец на 11 јули 2015 година, за време на апостолската посета на Парагвај, славеше светата Литургија на плоштадот пред маријанското светилиште во Какупе. Тогаш во проповедта рече: Да се биде тука со вас значи да се чувствуваш како дома, под нозете на нашата Мајка, Пресвета Богородица на чудата од Какупе. Во светилиштето, ние децата, ја среќаваме својата Мајка и се потсетуваме дека сме браќа. Тоа е место на славење, средби и семејства. Доаѓаме да ги прикажеме своите потреби, да се заблагодариме, да бараме прошка и да започнеме одново. Колку крштевки, колку свештенички и монашки звања, колку веридби и бракови се родени под нозете на нашата Мајка! Колку солзи и колку поздрави! Секогаш доаѓаме донесувајќи го својот живот затоа што сме тука дома и најдобра работа е кога знаеме дека некој нè чека – рече во таа прилика папата Фрањо. Да спомнеме на крајот дека во ноември 2017 година во Ватиканските градини е откриен мозаик кој ја прикажува Пресвета Богородица од Какупе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот