Папата ги спомена жртвите на мафијата

Папата ги спомена жртвите на мафијата

Мафиите се присутни во различни делови на светот и искористувајќи ја пандемијата, се збогатуваат со корупција, предупреди папата Фрањо во обраќањето по молитвата Ангел Господов во недела на 21 март.

Денес во Италија е Ден на сеќавање и посветено залагање во спомен на невините жртви на мафијата. Мафиите се присутни во различни делови на светот и искористувајќи ја пандемијата, се збогатуваат со корупција. Свети Иван Павле II ја осуди нивната „култура на смрт“, a  Бенедикт XVI ги осуди како патишта на смрт“. Овие структури на грев, мафијашки структури спротивни на Евангелието Христово, ја мешаат верата со идолопоклонството. Денес ги спомнуваме на сите жртви и ја обновуваме нашата посветеност против мафијата, рече Папата во обраќањето по молитвата Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот