Папата ги прими членовите на Римската рота

Папата ги прими членовите на Римската рота

Папата Фрањо на 29 февруари 2018 година ги прими членовите на Римската рота, редовен папски апелациски суд, посебно поврзан со брачните прашања, а по повод почетокот на судската година. Папата во својот говор ја истакна важноста на совеста, напоменувајќи дека совеста во брачните прашања никогаш не смее да биде исклучена, како од страна на црковните судии, така ниту од страна на паровите.

При тоа Папата го повтори својот минатогодишен повик за „нов катехуменат во подготовката за брак“, кој е неопходно да се промовира како крстените би се отвориле за светлото на Духот. За тоа е потребен не само придонесот на бискупите и свештениците, туку и на другите луѓе вклучени во пасторалната грижа, имено, монашките заедници и лаици, кои заедно се одговорни во посланието на Црквата – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот