Папата ги прими епископите од Мозамбик

Соочена со предизвиците и немирите кои го загрозуваат мозамбиското општество, Црквата треба да биде обединета и да соработува со институциите со цел да работи на културата на среќавање, да го подржува семејството и го штити животот – рече Папата до епископите од Мозамбик.

При тоа Папата поттикна да се слезе меѓу верниците, вклучувајќи го „животните периферии“, кои се места на „страдање, осаменост и човечко обезвреднување“, истакна папата Фрањо во поздравниот говор до епископите од Мозамбик, кои денес ги прими во аудиенција, по повод на нивната посета „Ад Лимина“.

Највпечатлив начин на спротивставување на менталитетот на ароганција, нееднаквост и општествени поделби е вложувањето во воспитувањето на младите за да имаат критичко мислење и нивно следење на патот на развојот на вредностите, потсети Папата, повикувајќи да се обнови универзитетскиот и училишниот пасторал, ставајќи ги заедно воспитната задача и навестувањето на евангелието.

Папата, понатаму, ги поттикна епископите да негуваат добри односи со властите, што не значи „зависност“, туку здрава „соработка“, посебно по прашање на законите за кои се расправа во парламентот. „Не штедете ни малку сила за подршка на семејството и заштитата на животот, од самото зачнување сè до смртта“. Семејството, додаде Папата, претставува главен извор на братство и почитување, а со тоа и привилегиран пат кон мирот.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот