Папата ги прими вработените во железарницата Терни

Средба за зајакнување на близината на целата Црква со работниот свет на– со тие зборови папата Фрањо се обрати на работниците и управителите на железарницата од италијанскиот град Терни, одржана на 20 март во салата Павле VI по повод 130 годишнината од основањето на тој индустриски објект. Папата силно истакна дека на сите треба да им е загарантирана достоинствена работа. А за да се преброди кризата, потребни се – според зборовите на Папата – креативност и солидарност.

Во актуелната економска криза треба повторно да се истакне дека работата е важна за општеството, за семејството, како и за поединците –истакна папата Фрањо, обраќајки се до работниците од железарницата и нивните семејства. Тој напомена дека од работата директно е засегнат човекот, неговиот живот, неговата слобода и неговата среќа. Главната вредност на работата е доброто на човечкото битие, затоа што го остварува како такво, со неговите склоности и интелектуални, креативни и мануелни способности. Од тука произлегува дека целта на работата не е само економијата или пак само заработката, туку најмногу се однесува на самиот човек и неговото достоинство – рече Светиот Отец.

Додавајќи потоа, дека достоинството на човекот е поврзано со работата, Папата го спомна разговорот со млади невработени кои му кажале дека нивните семејства секојдневно добиваат храна или во парохијата или во Црвен Крст или на некое друго место, но – како што му пренеселе на Светиот Отец – ние не знаме што значи да донесеш леб дома, а мораме да јадеме, но потребно ни е и достоинство за тој леб да го донесеме на своите семејства. Всушност тоа е работата! – истакна Папата – И ако нема работа, тоа достоинство е рането!

Кој е невработен или недоволно вработен, би можел да биде ставен на работ на општеството, би можел да стане жртва на општествено исклучување – рече Светиот Отец и со жалење потврди – Многу пати се случува невработени, а посебно многу млади кои денес се без работа да паднат во хронична потиштеност или уште полошо во апатија.

Осврнувајќи се потоа на тешкиот проблем на невработеноста со кој се соочуваат повеќе европски земји, папата Фрањо рече дека тој проблем е последица на економскиот систем кој повеќе не е во состојба да создаде работа, затоа што во центарот на е ставен идолот кој се нарекува пари! – предупреди Папата и додаде – Поради тоа политичките, општествените и економските субјекти се повикани да поддржат поинаква поставеност, која ќе се темели на праведност и солидарност.

Тоа е потребно – рече потоа Светиот Отец – иако денес зборот солидарност, речиси е како некој неубав збор и се изоставува од речникот. Но, напротив, солидарноста е важна за да на сите им се загарантира можност за работа. Работата е добро за сите луѓе, и треба да биде достапна за сите. Освен тоа,- додаде – во период на големи тешкотии и невработеност треба да се соочиме со средства на креативност и солидарност. Затоа е потребна креативност на храбри претприемачи и трговци кои на иднината гледаат со доверба и надеж; и солидарност меѓу сите делови на општеството, кои од нешто ќе се откажат и прифатат насочен стил на животот за да им помогнат на оние кои се во потреба.

Тоа е голем предизвик кој се наоѓа пред целата христијанска заедница – рече Папата и потсети дека современата историја на Црквата во Терни е неразделно поврзана со посетата на железарницата од страна на блажен Иван Павле II. Христијанската вера е во состојба да го збогати општеството благодарение на силата на конкретно братство кое го носи во себе – охрабри папата Фрањо. Верата која е прифатена радосно и која се живее темелно и великодушно, може на општеството да му даде сила која очевечува. Поради тоа сме повикани да бараме секогаш нови начини за храбро сведочење на жива вера која зајакнува.

Драѓи браќа и сестри немојте никогаш да престанете да се надевате на подобра иднина. Борете се за тоа! Не дозволувајте да ве опфати песимизот! – поттикна Папата. Ако секој ја извршува својата должност, ако сите во центарот го стават човечкото битие со неговото достоинство, а не парите, ако се зачести солидарноста и братското делење, вдахнато од Евангелието, може да се излезе од ова мочуриште на тежок и мачен економски и работнички период – рече Светиот Отец и ја загарантира својата близина повикувајќи мајчинско застапништво на Дева Марија посебно во светот на работата и на семејствата во тешкотии за да не го изгубат достоинството кое што го дава работата и на децата, младите и старите луѓе.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот