Папата ги прими акредативните писма на новиот американски амбасадор при Светата Столица

Во понеделник 21 октомври папата Фрањо ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на САД при Светата Столица, Кенет Хакет. Новиот амбасадор во присутсво на семејството и пријатели, како и вработени во амбасадата, го поздрави папата Фрањо и изрази воодушевување од новата служба.

Амбасадорот Хакет во последните 18 години беше претседател на американската хуманитарна служба, а 40 години ги има поминато во истата служба вршејќи разни други раководни функции. Тој нагалси дека престедателот Обама и Државниот секретар Кери ја подвлекоа потребата за заедничко ангажирањње со религиските водачи и верските заедници при решавањето на глобалните кризни проблеми.

За време на моето делување и работа во американската хуманитарна служба, лично имав радост ангажирајќи се за проблематики за кои говори и папата Фрањо, како што се сиромаштвото, проблемот на бегалците и преселбите и верувам дека можеме околу многу работи да продолжиме да соработуваме при промовирањето на човековите права – рече амбасадорот хакет.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот