Папата ги посети идните дипломати на Светата Столица

Стручњак за местото каде ја извршува својата служба, повеќе способен за братство со другите свештеници, отколку за амбиции, човек од молитва кој од Бог бара Слово кое говори и дело кое треба да се направи – со тие зборови папата Фрањо го опиша дипломатот на Светата Столица, за време на приватната посета на Папската црковна академија, во петок 2 мај 2014 година. Средбата започна околу 18.00 часот, а заврши со вечера со академската заедница, која ова година има 29 свштеници од 16 земји, од четири континенти. После Вечерната молитва во капелата, Папата се задржа во разговор со свештениците, кој беше во облик на прашања и одговори.

Едно од прашата беше како дипломатот може да го живее пророштвото и утопијата на добра. Папата истакна три обележја, кои диполомат на Светата Столица треба грижливо да ги негува. Пред сѐ треба да има јасно паметење на Евангелието, Црквата и историјата на народот.

Второ: дипломатот треба да биде способен за реализам, компентентно да ја гледа сегашноста, да ја запознава и посетува земјата во која делува, за да може целосно да ја сфати.

Трето – рече Папата – е утопија за иднината. За да се одреди иднината на некој народ, сите патишта не се одговарачки. Поради тоа е потребна внимателност. Но за иднината пред сѐ треба да се сфати што Бог ни ветува во иднината. Пророштвото пак значи да се кажа исправниот збор, оној кој е надахнат од Духот, а може да се сфати во молитвата.

Во разговорите е спомнат и животот во нунцијатурите. Потребно е папските претставници да го негуваат братството со епископите во земјите во кои живеат – истакна Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот