Папата ги повика политичарите да се фокусираат на промовирање на интегрален човеков развој и мир

Папата ги повика политичарите да се фокусираат на промовирање на интегрален човеков развој и мир

На 27 август 2021 година Папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Меѓународата мрежа на католички законодавци (Catholic Legislators Network), и притоа истакна дека потребно е внимателно законодавство за да се управува со развојот и примената на технологијата за општото добро.

Пред нас е пандемијата од болеста Ковид-19 која и понатаму се шири и заради кои има починати; пред нас се политички пресврти, но и поларизација кои поттикнуваат недоверба кон политичките претставници, но најмногу пред нас е предизвикот заради кој улогата на парламентарците особено католичките е уште поделикатна, а тоа е предизивкот на новите технологии и заканата на човечкото достоинство; кои тие ги носат со себе. Детската порнографија, искористувањето на личните податоци, лажните вести; против тие зла потребно е внимателно законодавство насочено на општото добро – рече Папата на членовите на мрежата на католички парламентарци од целиот свет, која е основана во Австрија во 2010 година под покровителство на надбискупот на Виена кардиналот Кристоф Шонборн.

Осврнувајќи се на денешната реалност, сериозно погодена од пандемијата, Папата рече дека сигурно е постигнат голем напредок во создавањето и дистрибуцијата на делотворни вакцини, но истовремено предупреди дека треба уште многу да се направи за да се искорени тоа зло кое однесе многу животи и предизвика исто така економски и општествен распад. Затоа парламентарците секогаш се повикани да соработуваат, преку политичкото делување во обнова на своите заедници и на целото општество.

Целта не е само да се победи вирусот, а ниту да се врати на status quo од пред пандемијата. Тоа – според зборовите на Папата, би било пораз. Целта е соочување со сериозните причинители кои кризата ги откри и ги зголеми, односно со сиромаштвото, општествената нееднаквост, раширената невработеност и недоволниот пристап до образование. Од кризата не може да се излезе сами; или ќе излеземе заедно или нема да можеме да излеземе од неа – истакна Папата.

Еден од големите предизвици е управување со технологијата со цел општо добро – рече и истакна дека чудата на науката и современата технологија го зголемија квалитетот на животот, но препуштени сами на себе и само на пазарните сили и иновациите можат да го загрозат достоинството на човечкото битие. Не станува збор за забавување на технолошкиот процес, туку за заштита на човечкото достоинство кога тоа е загрозено – истакна папата Фрањо и посебно спомна некои напади на личноста кои доаѓаат од интернет, како што е злото детска порнографија, искористувањето на личните податоци, нападите на важни институции како болници и лаги кои се шират преку социјалните мрежи.

Затоа ги поттикна на присутните да ја преземат задачата на сериозно морално размислување за опасностите и можностите од научен и технолошки напредок за законодавствата и меѓународните одредби да се фокусираат на промовирање на интегрален човеков развој и мир, а не на напредок кој сам на себе е цел. Освен тоа ги поттикна исто така да го промовираат духот на солидарност, појдувајќи од потребата на најслабите и најзагрозените лица. За да го излекуваме светот кој пандемијата сериозно го исцрпи и да изградиме инклузивна и одржлива иднина во која технологијата служи на човечките потреби и не не изолира едни од други, освен одговорни граѓани потребни ни се и стручни водачи вдахнати од начелото на општото добро – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот