Папата ги повика новинарите да молат за него

Папата ги повика новинарите да молат за него

Упатувајќи се од римскиот аеродромот кон Колумбија Светиот Отец не одржа прес-конференција, но ги поздрави новинарите и им се заблагодари однапред за трудот кој ќе го вложат во ова патување и од нив побара за време на патувањето да се молат за Колумбија и за Венецуела.

Упатувајќи се од римскиот аеродромот кон Колумбија, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке, му изрази на папата Фрањо во името на сите присутни добредојде, прашувајќи го – дали при одењето, или на враќање – ќе одржи прес-конференција, на што Папата одговори негативно, но ги поздрави новинарите:

„Добар ден и ви благодарам за друштвото; за напорот кој ќе го вложите во текот на ова патување, кое некако е е посебно затоа што тоа е патување кое исто така ќе ѝ користи на Колумбија за да продолжи да оди напред, на патот на мирот. На таа накана, за време на патувањето, од вас барам молитва. И ви благодарам за сето она што ќе го направите. Освен тоа, сакам да кажам дека на својот пат ќе ја прелетаме и Венецуела. Па, и за неа една молитва, за да се воспостави дијалог и таа земја по патот на дијалогот со сите да се стабилизира“ – рече во краткото обраќање до присутните новинари Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот