Папата ги повика научниците да ги почитуваат етичките принципи

Папата ги повика научниците да ги почитуваат етичките принципи

Папата Фрањо упати порака до учениците на годишното собрание на Папската академија за науки, која на 7 октомври 2020 започна со собранието, во чиј центар е пандемијата со коронавирусот

Папата ги повикува научните истражувачи од целиот свет, со оглед на пандемијата, да се придржуваат на етичките принципи. Колку и да е голема политичката одговорност, тоа не ги ослободува научниците од сопствената етичка одговорност – предупредува Папата.

Актуелната криза во прв ред ги погодува во општеството оние кои веќе биле во тешка положба. Науката може од својата страна да им помогне токму на нив, така глобалната здравствена грижа мора да стане инклузивна, пристапна и за оние во потреба од сиромашните земји. Ако некој би требало да има предност, тогаш тоа се оние со најголема потреба и најслабите – истакна Папата.

Членовите на Папската академија за науки оваа година го одржува собранието преку интернет, под мотото „Наука и опстанок“, сметајќи дека улогата на науката е клучна за преживување на човештвото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот