Папата ги повика младите во борба против интернет насилството

Папата ги повика младите во борба против интернет насилството

Во рамки на онлајн маратонот на Папската фондација Scholas Occurentes” против сајбер булинг, папата Фрањо упати видео порака

Кампањата ја подржаа многу компании и установи, меѓу кои и Гугл и Микрософт. Повикувајќи ги младите на борба против сајбер мобинг, папата Фрањо истакнува дека оној кој злоупотребува други тоа го прави за да се покаже важен. Една легитимна причина „другиот да се гледа од високо“, е за да му се помогне да стане – порача Папата.

Секој мора да го пронајде сопствениот идентитет без да биде малтретиран другиот, предупреди Папата и ги повика младите на дијалог во кој вистински меѓусебно ќе се слушаат. Од таму ќе се развие силна заедница која ќе овозможи откривање на сопствениот идентитет.

Интернет насилството е еден од новите облици меѓу врсничкото насилство кое се шири преку социјалните мрежи. Според податоците од фондацијата „Scholas Occurentes“, 30 % од младите имаат признато дека биле жртви на интернетска злоупотреба, а 82 % доживеало мобинг во училиштето.

Образовната фондација „Scholas Occurentes“, е основана од кардинал Хорхе Бергољо, додека уште бил надбискуп во Буенос Аирес. Откако е избран за Папа, Светиот Престол ја призна фондацијата како „папска“. Денес го промовира образованието во 190 земји во светот преку новите технологии, спортот и уметноста, посебно меѓу оние во најголема потреба. И покрај бројните активности и термини, папата Фрањо и понатаму посветува многу време на оваа фондација.

 Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот