Папата ги именува претседателите на Епископската синода за семејство

Светиот Отец ги објави имињата за претседател на Синодата за семејство. Знаеме кој е релатор кардинал Ердо и посебен секретар архиепископот Бруно Форте; тие беа најавени во октомври – потсети патер Ломбарди. Денес претпладне Папата рече дека за претседател (кои што се тројца, така можат да се менуваат во текот на заседанијата) го именува кардинал Вингт – Троиса архиепископ во Париз; кардинал Тагле, архиепископ во Манила и кардинал Дамаскен Асис архиепископ во Апарецида.

Всушност, имаме три континента – рече патер Ломбарди и додаде дека така групата која што ја води синодата е потполна. Што се однесува пак до излагањата, до беа одржани 42 или 43 излагања на кардинали од различни континенти. Бидејќи времето е ограничено некои кардинали кажаа дека своите размислувања ќе ги дадат во писмена форма; затоа постои и таа можност тие текстови да се стават во документите за потоа да бидат корисни и на Светиот Отец, но и за подготовка на синодата – спомена патер Ломбарди кој потоа се осврна на главната тема на излагањата.

Некои излагање – како што рече – беа општи, со опширен поглед на семејство, од аспект на христијанската антропологија и секако и за односот и оценување на односите помеѓу тоа видување во контекстот на секуларизираната култура која промовира многу поинакво гледање на реалноста, семејството, сексуалноста и луѓето, а во кое што христијанското гледање на некој начин се наоѓа во тешкотии. Многу пати е спомната теологијата на телото од Иван Павле II – рече потоа патер Ломбарди и додаде дека се спомнуваат и познати документи ‘Familiaris Consortio, Катехизмот на Католичката Црква, и други. Имаше излагање кои се однесуваат и на душогрижништвото на семејствата и тоа од различни аспеки; а серија излагање се однесуваа на разведените лица кои живеат со невенчан партнер.

Во нив – како што рече директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица – вниманието е посветено на правното и канонско видување за проблемите во постапките за прашањата и процесите поврзани со ништовноста; а во другите излагање се размислуваше за прашања за разведените кои живеат со невенчан партнер и нивниот пристап кон светите Тајни. Во таа смисла – спомна патер Ломбарди – немаше никакви одлуки ниту насоки, туку големо заземање како на најдобар начин да се успее да се спои верноста на Христовото Слово и милосрдието во животот на Црквата; и тоа со голема чувствителност и внимание кон сите аспекти кои треба да се земат во предвид. Директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица меѓу останатото, спомна дека од овој конзисториум не треба да се очекуваат некои заклучоци или посебни насоки, туку ми изгледа – како што рече – и како што некој истакна во своето излагање дека тоа е охрабрувачки вовед во пресрет на синодата. Затоа што ако и синодата успее да работи во тој дух, со оваа ширина на хоризинтот и оваа длабочина, значи дека Црквата е на добар пат за да одговори на денешните предизвици, одржувајќи ја заедно верноста на Христовото послание и пасторално внимание кон луѓето и различните ситуации. На крајот патер Ломбарди спомна дека на конзисториумот, но повеќе маргинално се говореше и за специфичните околности на пасторалните карактеристики, односно за проблемите на миграција, за семејствата во миграција или пак за семејствата во верски малцинства.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот