Папата ги започна духовните вежби

Папата Фрањо и членовите на Римската курија во недела 6 март 2016 година во вечерните часови ги започнаа духовните вежби во Великиот пост. Овие духовни вежби се одржуваат во домот „Божествениот Учител“ во Аричи, а ќе ги води о. Ермес Рончи, член на монашката заедница Маријански слуги. Папата него лично го повика и го замоли да ги одржи овогодинешните духовни вежби. Темата е земена од Исусовото прашање до учениците од Евангелието според Иван: „Што барате?“, а вклучува две дневни размислувања – едно наутро и едно попладне.

Духовните вежби ќе завршат во петок 11 март и ќе бидат изоставени сите аудиенции на Папата, бклучувајќи ја и Генералната аудиенција во среда.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот