Папата: Во срцето се одигрува она „денес“ на нашиот живот

Папата: Во срцето се одигрува она „денес“ на нашиот живот

Нашиот живот е „денес“ кој никогаш повеќе нема да се повтори – рече папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта на 12 јануари 2017 година. Во проповедта Папата порача срцето да не ни биде тврдо, без вера, туку срце отворено за Господ.

Истакна дека во нашето срце се одигрува „денес.“ „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, да не ги ожесточите срцата свои“, стои во денешниот дел од Посланието до Евреите. Светиот Отец од тој дел издвои два клучни збора „денес“ и „срце.“

Денес во кој сме ја примиле Божјата љубов

„Денес“ за кој говори Светиот Дух во делот од Посланието до Евреите всушност е „нашиот живот“, тоа денес е „исполнето со денови“, но „за кој нема реприза, нема повеќе утре,“ „ден во кој сме ја примиле љубовта Божја,“ „Божјото ветување дека ќе ја пронајдеме“ – објасни Папата – „денес“ во кој можеме да го обновиме „нашиот сојуз за верноста на Бог.

Но постои „само едно денес во нашиот живот“ – предупреди – и искушение е да се каже: „Да, ќе го направам тоа утре.“ „Искушението се состои во утре кое нема да дојде“, како што Исус вели во параболата за десетте девици: петте неразумни кои земале светилници, но со себе не земале масло. Подоцна отишле да купат, а кога се вратиле наидуваат на заклучена врата. Светиот Отец исто така реферираше за човекот кој тропа на вратата зборувајќи му на Господ: „Јадев со тебе, бев со тебе…“ а Господ му одговара: „Не те познавам: си дошол премногу доцна…“

„Не го зборувам ова за да ве исплашам – рече Папата – туку едноставно сакам да ви кажам дека нашиот живот е „денес“: или денес или никогаш. Утре ќе биде вечно утре, со Господ засекогаш, но само ако сум верен денес. Прашањето кое ви го поставувам е прашање кое го поставува светиот Дух: „Како го живеам тоа денес?“

Нека нашето срце биде отворено за Господ

Вториот збор за кој говореше папата Фрањо е „срце“. Навистина со срцето „се среќаваме со Господ“ и многу пати Исус укорува говорејќи: „срца тврди“, тврди за да сфатат. Повикот на Папата е да не го стврднуваме срцето и да се запрашаме нели е тоа „без вера“ или „заведено од гревот:“

„Во нашите срца денес се одигрува тоа „денес“ предупреди Светиот Отец и продолжи: „Дали нашите срца се отворени за Господ? Мене секогаш ме погодува кога ќе наидам на стар човек – често свештеник или чесна сестра – кои ми велат: „Оче молете се да истрајам до крај.“ Тогаш им одговарам: „Но, нели целиот твој живот, нели сите денови на твоето „денес“ биле во служење на Господ, а ти стравуваш…?“ – „Не, мојот живот сѐ уште не е готов: сакам да го живеам во потполност, се молам тоа „денес“ да биде полно, со срце силно во верата, а не уништено од гревот, пороците, корупцијата…“

Да се запрашаме за нашето денес и за нашето срце

Папата повика да се запрашаме за нашето денес и за нашето срце. Денес е „исполнето со денови“, но „не се повторува.“ Деновите се повторуваат сѐ додека Господ не каже „доста“: „Меѓутоа денес не се повторува: тоа е живот. А срцето треба да ни биде отворено за Господ, а не затворено, тврдо, без вера, изопачено срце кое дава да е заведено од гревот. Господ сретнал голем број луѓе со затворени срца: книжници, луѓе кои го прогонувале, оние кои го предале за да се осуди… и на крајот успеале во тоа,“ рече Светиот Отец и својата проповед ја заврши со следните зборови:

„Да појдеме дома со овие два збора и да се запрашаме: какво е моето „денес“? Мојот живот може да заврши денес, но може и подоцна. Како тече моето „денес“ во Господовото присуство? А какво е моето срце? Дали е отворено? Дали е цврсто во верата? Дали го води љубовта Господова? Со овие две прашања да замолиме од Господ милост која на секој од нас му е потребна.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот