Папата во посета на Света Софија во Истанбул

По вчерашниот ден поминат во Анкара, папата Фрањо денес, 29 ноември претпладне во Истанбул го посети музејот Света Софија, некогашна базилика посветена на Божествената мудрост

и џамијата Султан Ахмет позната како Плавата Џамија. Како што истакна патер Федерико Ломбарди директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол таму Папата се задржал во тивко поклонување. Убав момент на меѓурелигиски дијалог – додаде патер Ломбарди – кој потсетува на оној на Бенедикт XVI во џамијата во Истанбул пред осум години.

Патер Ломбарди исто така кажа дека во книгата на гости во Света Софија, папата Фрањо запишал две мисли една на грчки и една на латински јазик. Првата гласи: „Света Божја мудрост“, а втората е земена од 83 Псалм, а гласи: „Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите.“

РВ/к.мк/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот